понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 101
home Вести

Директорско место во Агенцијата за лекови за гласови на референдумот на 30 септември?

Директорско место во Агенцијата за лекови за гласови на референдумот на 30 септември?

Владата планира измени во Законот за лекови. Истите се во делот на Агенцијата за лекови со кои се предвидува да се воведе заменик директор. Упатените, информираат дека за да фирма добие било каква дозвола од Агенцијата, од фирмите се зема надомест. Во овој случај надоместот ќе го делат СДСМ и Беса, објавува Здравство.мк

Имено на Беса при преговорите за влез во Влада, меѓудругото и е ветена Агенцијата за лекови. За возврат, договорот е на владата предовдена од СДСМ, коалицискиот партнер Беса да ги испорача потребните гласови за претстојниот референдум. Измените се предлагаат токму сега пред референдумот.

Која е приказната?

Министерството за здравство и Владата деновиве иницираа измени на Законот за лекови и медицински средства. Предложените измени на Законот за лекови се во делот на раководење на Агенцијата за лекови. Со измените се предвидува поставување и на заменик на директорот. Или објаснувањето зошто е потребно да има заменик директор е дека „од досегашното искуство во примена на Законот во делот на работата на директорот и функционирањето на Агенцијата се констатира дека, заради непостоење на заменик во случај на отсуство на директорот, се јавува проблем во ефикасното вршење на работите“.

Упатените во оваа област ја отвораат прво, дилемата зошто е потребен заменик кога и сега директорот има право да назначи кој ќе го менува додека е отсутен. Второ, укажуваат на фактот дека постапките за издавање одредени одобренија од оние како дозволи за медицински средства, до дозволи за увоз на лекови траат најмалку 30 дена.

Трето, дали секаде каде што има само директори, а нема заменици значи дека ќе треба да се менуваат закони. -Најкратката процедура е 15 дена, а оние како дозволи за регистрација на лекови траат 210 дена, информираат упатените.

Но, идејата според упатени е политички договор или како да се задоволат апетите на коалициските партнери на СДСМ, овој пат Беса. Практично со назначување и на заменик директор покрај директорот, средствата кои се земаат од фирмите за да им се даде било каква дозвола, ќе ги делат коалициските партнери.

Се коментира дека ова е морковот за гласовите кои и се потребни на владата предводена од СДСМ, а кои ќе треба да се обезбедат од коалицискиот партнер, Беса на кој му е ветен влез во оваа институција.

Коронавирус