четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 45
home Вести

Директорот Тозија создава непријател од Хрватска, Владата молчи

Директорот Тозија создава непријател од Хрватска, Владата молчи

Владата молчи за ставовите на Горјан Тозија, директорот на Агенцијата за филм кој на социјалните мрежи пред неколку дена премиерот на Хрватската влада Андреј Пленковиќ, како и владејачката ХДЗ, ги нарече фашисти и членови на криминален клуб.

Оваа информација предизвика бурни реакции и беше пренесена од хрватските и македонските медиуми и окарактеризирана како меѓународен дипломатски скандал.

Владата до овој момент не одговори на нашите прашања, дали се согласува со ваквите ставови и изјави на Горјан Тозија, ако не се согласува дали ќе се огради и ако се огради дали ќе го разреши директорот Тозија кој е именуван владин функционер.

Досега од македонската Влада нема ниту извинување до Република Хрватска, но и дo Словенија и Унгарија , затоа што во своите коментари Тозија ги навреди и овие две земји.

Одговор нема ниту од МНР, ниту од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, по што логично се поставува прашањето дали Владата отвара нов фронт за непријателство со Хрватска, земја која во моментот го има претседателството со ЕУ и ја подржува Македонија во патот кон зачленување во Европската Унија.

По ваквите скандалозни написи на Тозија, реакции стигнаа од сите страни.

Здружението на загребските доброволци „Бранители на Вуковар“ побара од премиерот Андреј Пленковиќ да реагира на написите на македонскиот државен службеник Горјан Тозија, а реакција од Пленковиќ за навредните од Тозија, побара и еден од основачите на ХДЗ.

Реагираше и македонската дијаспора во Хрватска која побара одговорност од директорот Тозија. Хрватските медиуми на големо пишуваа дали ставовите на Тозија се и ставови на македонската Влада.

И Здружението на Хрватите во Македонија побараа Владата да го разреши Тозија и да се извини

Директорот на владината агенција за филм не само што не негираше и не се извини за тоа што со месеци ја навредуваше Владата на Република Хрватска и нејзиниот претседател во кој ги нарекува фашистите и член на криминален клуб, туку напротив, тој истото го потврди и напиша дека има право да го стори тоа, што преставува невидена дрскост и говор на омраза Ова не е само тежок меѓународен скандал, туку и невиден случај во светот каде една влада толерира мешање во работите на друга држава – најсериозните вулгарни навреди и говор на омраза. Покрај тоа, тоа го прави и на земјата и нејзиното раководство, кое го има претседателството со ЕУ и ја поддржува Македонија во патот кон ЕУ толку силно, потенцираат од Здружението.

Во меѓувреме скандалот со Горјан Тозија се шири. Реакциите не стивнуваат, а последни во низата, овој пат беа словенечките медиуми

По квалификациите кои директорот на македонската Агенцијата за филм Горјан Тозија ги прошири преку социјалните мрежи за тоа дека Пленковиќ, Јанша, Орбан, Груевски се дел од една криминална банда., словенечки медиум реагира дека ова е политичко, морално дно и привитимизам и дека државни службеници на пријателска земја Македонија, словенечките водачи ги нарекуваат криминалци.

Инаку неофицијално замолено било Тозија да си поднесе оставка за да се стиша целата работа.

Коронавирус