понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 60
home Вести

Директорот на Заев и Филипче во струмичката болница на ФБ моли за донации за купување на амбулантно возило (ФОТО)

Директорот на Заев и Филипче во струмичката болница на ФБ моли за донации за купување на амбулантно возило (ФОТО)

Директорот на струмичката болница, Наќе Гогов на Фејсбук бара донации од граѓаните за да се купи ново болничко возило. Неверојатно, во време кога во Собранието се расправа за ребалансот на буџетот во Македонија, болниците ги молат граѓаните за помош, бидејќи власта не им обезбедува основи средства за работа.

– Почитувани пријатели, мои ценети сограѓани , знам дека не би требало да се барат донации на ваков начин , меѓутоа заради малиот број на болнички возила, заради тоа што се застарени и често се расипуваат, заради ситуацијата во која се наоѓаме со корона вирусот каде транспортот на пациенти  е неколкукратно зголемен – болничките возила се 24 часа вклучени во транспорт на пациенти од нашата болница до клиничките центри и обратно,ние како “ЈЗУ Општа болница -Струмица” имаме потреба од ново болничко возило кое ќе биде од голема корист за сите граѓани од Струмица и струмичкиот регион. Да се организираме и да си помогнеме самите. Ве замолувам сите кои сте во можност и сакате да донирате од срце , каде сумата ќе биде по ваша желба да донирате на следната жиро сметка :660270170248596 . Се надевам дека ќе ја покажеме хуманоста на дело.  Ве замолувам споделувајте го статусот.“ напиша директорот на струмичката болница, Наќе Гогов.

По ова јавноста веднаш започна да коментира дека директорот на Заев и Филипче со ова молење на Фејсбук за донации уште еднаш докажа дека буџетот и ребалансот е во катастрофална состојба во нашата земја, особено во време на кризата со коронавирусот.

Коронавирус