четврток, 27. јануари 2022. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Повторно над 2.000 заболени од коронавирус во земјава

home Вести

Директорот на „Плодност“: Асимптоматските носители се најопасни за околината, бројот на заразени е поголем, потребно е масовно тестирање

Директорот на „Плодност“: Асимптоматските носители се најопасни за околината, бројот на заразени е поголем, потребно е масовно тестирање

Директорот на приватната болница „Плодност“ Битола Таше Трпчевски, преку соопштение укажува до Министерството за здравство и министерот Венко Филипче за потребата од масовно тестирање, откако во болницата се потврдени три нови случаи на коронавирус. (повеќе за тоа може да прочитате тука)

Тој вели дека еден од докторите е асимптоматски носител на коронавирус и според него токму овие лица се најопасни.

-Министре оставете ги препораките на СЗО и побогатите држави да се тестираат само симптомтските пациентки и оние со позитивна епидемиолошка анамнеза. Можеби така ќе се создаде паника (паниката е состојба на исклучителен страв од вистинска или претпоставена опасност по живот), но ќе се добие друг ефект….. изолација, а тоа е многу битно бидејќи ако имаме помасовно тестирање ќе имаме помасовна самоизолација и изолација.Тие се големи држави многумилионски Ние сме само 2 милиони народ (помала популација ќе се испаничи). На тој начин ќе се намали бројот на асимптоматски носители на вирусот кои сега слободно шетаат низ градот и се потенцијални вирусоносители. Тие се најопасните за околината. Многу полесно е кога ќе го откриете заразениот. Има многу повеќе заразени во Македонија отколку што се детектирани. Ни фали тестирање. Не знам зошто немаме масовно тестирање. Самоизолација, земање витамини и имуносупортивна терапија, изолација на оние кои биле во најблизок контакт и бројот на заболени полека ќе стивнува.

Гледате што се случува, умира медицински персонал, доктори, сестри техничари и друг персонал. Ние здравствените лица сме на прва борбена линија на фронтот и немаме право да заминеме да се повлечеме од фронтот. На иста опасност се изложени во продавниците и супермаркетите, но тие може да си одат дома. Ние сме први што се заразуваат. Вработените во супермаркетите имаат право да си заминат, ние не, бидејки наша етика е и морал да им помагаме на луѓето.

Вината е и во пациентите, не дека се носители и ќе ни го донесат вирусот, туку се неискрени. Ние имавме направено прашалник епидемиолошки според СЗО критериуми. Интенција ни беше уште пред месец дена да влегува секој пациент во тријажно одделение, за да му направиме епидемиолошка анкета (после 13.04.2020 задолжително ќе поминат низ тој тријажен дел сите оние кои што ќе дојдат во болницата, ќе потпишат формулар за веродостојноста и ќе одговраат кривично ако излажале). Но заклучокот беше дека нашите пациенти не се доволно искрени, кријат, не сакаат да кажат дека имале некој од симптомите на коронавирусот ниту, дека биле со сомнително лице во контакт, а кое дошло од друга високоризична за Ковид 19 држава. Нашите граѓани особено битолчани се плашат да кажат дек имаат температура, треска, малаксалост, болки во грлото и не бараат да се тестират за корона вирусот плашејќи се од тоа да не бидат анатемисани, жигосани и непожелни да живеат во оваа средина(Битола), а не се плашат од последиците и компликациите на ова инфективно заболување.

“Битолчани седете дома и умирајте не кажувајте никому дека имате симптоми на коронавирус затоа што ако ве дознаат, ќе ве жигосат“ -напиша една сограѓанка на својот фб статус.

Затоа почитуван г дин Министре, мислам дека е потребно помасовно тестирање на пациентите за да ги откриеме асимптоматските носители на вирусот. Така ќе се создаде малку поголема паника, но ќе го спречиме ширењето на вирусот. Сеуште не е доцна, имаме уште малку време се додека не се “скрши здравствениот систем“, кога возот ќе замине низ брдо, а ќе треба секојдневно да се објавувате повеќе смртни случаеви од новозаболени, стои во дел од соопштенито на Трпчевски кое цело може да прочитате ТУКА.

Најнови вести

Коронавирус