понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 64
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Директорот на „Македонија пат“ бегал од полиција за време на полициски час

Директорот на „Македонија пат“ бегал од полиција за време на полициски час

Во денешниот билтен од Министерството за внатрешни работи (МВР) наведено е дека синоќа околу 21.20 часот тетовската полиција дала знак за запирање на возило на улицата „Илинденска“ во Тетово, но тоа не застанало и продолжило со движење кон Гостивар.

Како што е наведено во билтенот, возилото било запрено дури на наплатната рампа Желино, а полициската патрола констатирала дека се работи за Б.М., кој се претставил како директор на „Македонија пат“.

„Вчера околу 21.20 часот на ул. Илинденска во Тетово, полициски службеници дале знак за запирање на возило ‘range rover‘ со скопски регистарски ознаки, кое не застанало и продолжило со движење кон Гостивар. Во 21.40 часот на наплатната рампа Желино возилото било запрено од полициска патрола и било констатирано дека се работи за Б.М., кој се претставил како директор на ‘Македонија Пат‘. По наредба на Јавен обвинител на лицето ке му биде издаден платен налог по член 211 став 4“, наведено е во полицискиот билтен.

Коронавирус