вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Директорот на Катастар вештачел без лиценца, кривично ќе биде гонет

Директорот на Катастар вештачел без лиценца, кривично ќе биде гонет

До Основното јавно обвинителство е поднесена кривична пријава за директорот на Агенцијата за катастар и недвижности, Борис Тунџев, за основано сомнение за фалсификување исправи и лажно претстваување, пишува порталот „Нетпрес“.

Всушност, Тунџев немал лиценца кога го изготвувал вештачењето за продажбата на државно земјиште за изградба на Сончев град, во случајот „Топлик“ на СЈО.

Имено, тој, лажно претставувајќи се како овластен судски вештак, на 1.6. 2017 година, во просториите на ЈО за гонење на кривични дела кои произлегуваат од незаконско прислушуваните телефонски разговори, доставил наод, со свој потпис на овластен вештак, свесен дека неговата лиценца е со истечен рок и важела до 21.12 2016 година, пренесува порталот.

Неговиот изготвен наод со датум 26.5 2017 го заверил со свој потпис и назнака дека е изготвен од овластен судски вештак.

Тој на 5.06.2017 година доставил и сметка за изработка на вешт наод во износ од 69.000, која што му е исплатена.

Исто така, Тунџев, изготвил и употребил лажна исправа – Барање за упис во регистар на вештаци, а приложил лиценца со датум на издавање 6.06.2017, наводно како да е таа продолжена од лиценцата од 20.12.2011. Сепак, тоа не било продолжување на лиценцата од 20.12.2011, туку стекнување со лиценца за вештачење од областа на Геодезија, што претставува нова лиценца врз основа на кое лажно барање во Регистарот на вештаци.

Освен што Тунџев вештачел со истечена лиценца, од судот се бараше тој да се изземе од вештачењето од списите во „Топлик“ и затоа што неговата ќерката е вработена во СЈО. Ова, пак, директно укажува на конфликт на интереси и се отвора сомнеж дека вештачењето било пристрасно, пишува „Нетпрес“.