понеделник, 26. септември 2022. Вести денес: 27
home Вести

Директорот на „Еурокомпозит“ поднесе оставка, штрајкот ставен во мирување

Директорот на „Еурокомпозит“ поднесе оставка, штрајкот ставен во мирување

Синдикатот на прилепски „Еурокомпозит“ го стави штрајкот во мирување и од понеделник вработените ќе се вратат на работа откако генералниот директор Александар Кузески поднесе неотповиклива оставка.

Според претседателот на синдикатот Роберт Богданоски, смената на раководството беше еден од условите за протести и штрајк.

– По дописот од Владата дека генералниот директор Александар Кузески си поднесе неотповиклива оставка, која веќе е објавена на огласната табла во компанијата, како синдикат донесовме одлука штрајкот да го ставиме во мирување. Заминувањето на раководството од фабриката беше еден од условите за простести и штрајк, изјави Богданоски.

Тој вели дека се уште не е назначен нов генерален директор, иако има најави дека ќе биде од Прилеп.

– Од понеделник, 2 април, ќе продолжи работниот процес во погоните на „Еурокомпозит“. Има работа по договори за странство и за МВР. Ќе очекуваме назначување нов директор. Со Владата е договорено во наредните шест месеци да добиваме по една нето плата и да се реши ситуацијата во компанијата, рече Богданоски.

Синдикатот има поднесено приговори до Бордот на директори по неодамнешните 10 решенија за суспензија на членови на Синдикатот и очекува нивно решавање.

оставка еурокомпозит директор

Досегашниот директор Александар Кузески ја потврди оставката и вели дека се надева оти компанијата ќе се стабилизира.

– И претходно изјавив, ако мојата оставка е услов во компанијата да тргнат работите на подобро, во ред. На Еурокомпозит“ му посакувам се најдобро, да се стабилизираат работите и да биде успешна фирма, изјави Кузески.

Околу 260 вработени во наменската фабрика „Еурокомпозит“ имаат побарувања од 16 неисплатени заостанати плати и неисплатени придонеси од јуни 2012 година. Најавата е за шест месеци да се најде инвеститор за компанијата.

МИА

Коронавирус