сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 25
home Вести

Директорот на БЈБ потврди: Ќе се гради мигрантски камп

Директорот на БЈБ потврди: Ќе се гради мигрантски камп

МВР призна дека ќе се гради центар за странци бидејќи е потребно да се подобрат капацитетите на веќе постоечкиот. Ова е прва институција која јавно одговори дека документите за изградба на ваков центар во Бардовци се точни. Директорот на БЈБ вели има нова локација но тој не располага со елаборатот. Велковски тврди дека нема опасност од враќање на мигранти во земјава од државите на ЕУ.

-Министерството за внатрешни работи преку ИПА фондовите доби гранд кои ќе ги употреби во изградба на еден ист ваков објект, со иста намена, и од таа причина не гледам зошто се шпекулира во јавноста дека станува збор за некој центар со голем обем, само локацијата е сменета. Се останува исто, наместо во Гази Баба, во Бардовци, вели Лазо Велковски директорот на БЈБ.

Во Стратешкиот план на МВР за 2018-2020 пишува дека парите за овој центар ќе бидат обезбедени  од странски донации. На локацијата која е наведена во годишната стратегија за урбанизам на  Владата, објавена во службен весник,  за што вчера премиерот тврдеше дека е лага и вели дека никој не побарал ниту пак ќе се градат бегалски кампови во Македонија. Се работи за површина од околу 7 хектари на која има запуштени  воени магацини и ниви. Местото е веќе оградено и според стратешките планови би требало да се изгради до крајот на следната година.

Инаку во Центар за странци  до сега  беа сместувани дел од мигрантите. Во најголем број на почетокот од бегалската криза.

Во меѓувреме, на состанокот во Виена претседателот на ЕК Жан Клод Јункер најави  дека извршното тело во септември ќе претстави предлог за заштита на надворешните граници на Унијата. Австрискиот канцелар Курц и неговиот заменик пак порачаа дека Австрија нема да ги прифати вратените бегалци.

Коронавирус