недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 83
home Вести

Директорот на АР Муслиу, назначен од Пендаровски, добил кривична пријава

Директорот на АР Муслиу, назначен од Пендаровски, добил кривична пријава

По констатирано политичко влијание врз судството во случајот Меѓународен сојуз кога беа презентирани пораки од примерот Зоран Заев, од кривична пријава против висок безбедносен службеник се навестува и случај на разузнавачко влијание врз независни државни органи. Ваква ситуација постои во наративот на Кривичната пријава поднесена од екс советникот за национална безбедност на претседателот Ѓорге Иванов, Др. Синиша Алексовски против актуелниот директор на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, пишува еxpress.mk

Пријавата доаѓа два месеци откако Антикорупциската комисија не го прогласи Муслиу за невин но сепак ги прекина сите случаи против него и побара да се донесе нов Закон за АР. За таквата постапка Алексовски веќе поднесе Кривична пријава против Биљана Ивановска прв човек на ДКСК која е блиска на претседателот Пендаровски кој пак го именува директорот на АР Муслиу.

Во Кривичната пријава против Муслиу се посочува класичен пример за заробена држава за која зборуваше евроекспертот Рајнбард Прибе кој посочи на опасност од приватизирање на институции за остварување на лични интереси.

Кривичната пријава која е веќе поднесена до јавното обвинителство содржи наводи за постоење на основано сомнение дека Муслиу сторил едно кривично дело ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ од член 353 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик и едно кривично дело НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА од член 353-в став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик како и кривично дело ДАВАЊЕ НАГРАДА ЗА ПРОТИВЗАКОНИТО ВЛИЈАНИЕ од член 358-а

Според пријавата, во месец декември 2019 година, ЕРОЛД МУСЛИУ во својство на Директор на Агенција за разузнавање донел решение со кое доверил патничко моторно возило SKхххххх во сопственост на Агенцијата за разузнавање, а кое е донација од странски партнер за точно определена намена, на Претседателот на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, ДАНИЦА ЧАДИЕВА заради вршење на директно влијание врз одлуките на независен државен орган што одлучува по негови решенија за работни спорови, пишува express.mk

Во образложението на Одлуката за запирање бр.12-233/13 од 13.10.2020 на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) е констатирано дека отстапувањето на предметното службено возило во сопственост на Агенцијата за разузнавање е со склучен договор за определено време за потребите на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Според пријавата, воедно во образложението на Одлуката за запирање бр.12-233/13 од 13.10.2020 на ДКСКС, а со цел да се оправда дејствието, се посочува и дека Агенцијата за разузнавање склучила договори и со други државни органи на кои отстапувала ПМВ меѓу кои и Министерството за здравство кое пак нема никаква директна поврзаност со предмети од работни спорови во втор степен и друга управна постапка со Агенцијата за разузнавање.

Кривичната пријава открива дека во образложението на ДКСК нема наведено и по колку жалби за предмети од работен спор на работници од Агенцијата за разузнавање во периодот по добивање на возилото, Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен донела решение во корист на Агенцијата за разузнавање, а на штета на вработените.

Со горенаведеното дејствие содржеа и во Кривичната пријава, директорот Еролд Муслиу постапил спротивно на членот 54 ЕКОНОМИЧНО КОРИСТЕЊЕ НА ДРЖАВНИ СРЕДСТВА и спротивно на членот 62 ЗАБРАНА ЗА ВРШЕЊЕ НА ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ДРУГ од законот за спречување на корупција и судир на интереси и злоупотребувајќи ги своите дискрециони овластувања извршил противзаконито влијание врз независен државен орган кој одлучува по неговите решенија во постапка од работен однос во втор степен, со цел да ги потврди донесените решенија во прв степен во Агенцијата за разузнавање.

Целиот текст може да го прочитате на  express.mk

Коронавирус