Комисијата на ВМРО-ДПМНЕ за Култура преку фејсбук статус пишува дека директорот на Агенцијата за филм јавно потврди дека ги етикетира Лабина Митевска, Милчо Манчевски, Тамара Котевска, Самир Љума, Атанас Георгиев и Елеонора Венинова за партиски филмаџии за чии проекти е заслужна партијата на власт – СДСМ.
-ДАЛИ ЗА ДИРЕКТОРОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ, ГОРЈАН ТОЗИЈА-МИЛЧО МАНЧЕВСКИ, ЛАБИНА И ТЕОНА МИТЕВСКИ, ТАМАРА КОТЕВСКА, САМИР ЉУМА, АТАНАС ГЕОРГИЕВ И ЕЛЕОНОРА ВЕНИНОВА СЕ ИСФОРСИРАНИ ПАРТИСКИ ФИЛМАЏИИ НА СДСМ?
Директорот на Агенцијата за филм јавно потврди и ги етикетираше Лабина Митевска, Милчо Манчевски, Тамара Котевска, Самир Љума, Атанас Георгиев и Елеонора Венинова за партиски филмаџии за чии проекти е заслужна партијата на власт – СДСМ.
Дали Горјан Тозија сакаше да каже дека финансирањето во филмската дејност е заробено од централизираната волја на политиката, која настојува да создава партиска култура и уметност?
Ваквите ставови на директорот на Агенцијата за филм говорат за партизирани институции без професионални стандарди и без никаква можност за ослободување на креативните процеси за сите граѓани, без оглед на нивната партиска, етничка или друга припадност.
Зарем оваа Влада не промовираше и не се залагаше за сосема поинакви стратешки приоритети – за култура без политички и партиски притисоци и привилегии и развивање на генерациска, стилска, тематска и друга различност?
Како потврда на погоре кажаното во продолжение ги објавуваме коментарите кои директорот на Агенцијата за филм ги постираше на фејсбук профилот на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ, стои во нивниот пост на Фејсбук.