петок, 10. јули 2020. Вести денес: 166
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

Во живо

Мицкоски ја промовира програмата на ВМРО-ДПМНЕ во Пехчево

home Вести

Директорката на УЈП Лукаревска позитивна на коронавирус, а се фотографираше со народот како дели флаери (ФОТО)

Директорката на УЈП Лукаревска позитивна на коронавирус, а се фотографираше со народот како дели флаери (ФОТО)

Директорката на УЈП Сања Лукаревска потврди дека е позитивна на коронавирус.

После веста која ја објави другарот Мухамед Зекири, а поради работните состаноци кои ги имавме заедно, направив тест за Ковид-19 и резултатот е позитивен. Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Не можам да бидам сигурна на каков начин сум го добила вирусот, но сите контакти кои ги имав последниве денови беа со целосно почитување на мерките за заштита, со маска, на дистанца и со редовна дезинфекција. Ќе ги следам насоките на епидемилозите во целост и очекувам повеќе информации од нивна страна, согласно анкетата која треба да ми биде направена. Посакувам брзо оздравување на Муки и семејството, на сите други заболени граѓани, како и негативни тестови на сите кои се во самоизолација, напиша директорката на УЈП на својот фејсбук профил.

Доказ дека Лукаревска сепак не ги почитувала мерките е  учеството во „политичката кампања“ на СДСМ во време на пандемија.

Инаку таа заедно со други сопартијци делеше флаери и разговараше со дел од граѓаните.

Од тука се поставува и прашањето дали е загрозено и здравјето на другите граѓани?

Најнови вести

Парламентарни избори 2020