среда, 4. август 2021. Вести денес: 0
home Вести

Директорката која нареди да се отстрани сонцето од Кутлеш со закани и навреди до граѓаните: „Козо трева ќе пасеш, го*ното ќе го лижеш“

Директорката која нареди да се отстрани сонцето од Кутлеш со закани и навреди до граѓаните: „Козо трева ќе пасеш, го*ното ќе го лижеш“

Откако претходно сонцето од Кутлеш и пречеше на директорката на основно училиште во Струга каде истото беше нацртано на игралиштето, сега веќе на истата и сметаат и коментарите на социјалните мрежи.

Од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ во Струга велат дека директорката на ООУ ,,Јосип Броз Тито”- Струга, Лидија Гогоска (кадар на СДСМ, се разбира) им дала наредба на служителите да го уништат македонскиот симбол – сонцето од Кутлеш од спортското игралиште.

-Денес сме сведоци на еден бесрамен вандализам во училиште во Струга!
Имено, директорката на
ООУ ,,Јосип Броз Тито”- Струга, Лидија Гогоска (кадар на СДСМ, се разбира) им дала наредба на служителите да го уништат македонскиот симбол – сонцето од Кутлеш од спортското игралиште.
Замислете, колку злоба и нечовечност треба да имате за да сторите вакво дело!
Па, да Ве запрашаме директорке, во која држава сте родена и во која држава живеете?
На кое училиште сте директорка?!
Каков пример сте за децата и вработените во тоа училиште?!
Зарем немате срам и малку љубов кон татковината и светите бои?
Зарем е поважна, во овој момент политиката и партиските инструкции, од се она што е свето за нашата Македонија?
Дали ќе ја дадевте истата наредба за бришење доколку се работеше за друго знаме и симбол???
Вие сте еден голем срам за Струга и за Македонија!
Ве повикавуаме, веднаш да си дадете неотповиклива оставка и партиските задачи и инструкции спроведувајте си ги дома, а не во училиште каде треба да сте пример за останатите со Вашето однесување!
Но, срамот е само Ваш!
Еден ден ќе жалите, ама историјата ќе ве забележи како вандал на сосптвената држава и народ!
Некој за боите свети, некој за парите клети!
Вие сте од тие вторите, за жал!
И не заборавајте, секоја функција е минлива, секоја власт е менлива, а образот е еден и вечен!
Вие денес си го извалкавте за цел живот!
Ова е непростливо!
На 15ти сите злодела ќе ви се удрат од глава како бумеранг!
Доста е со понижување на Македонија и македонскиот народ, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Почитувани,Денес сме сведоци на еден бесрамен вандализам во училиште во Струга!Имено, директорката на ООУ ,,Јосип…

Gepostet von Центар за комуникации Вмро-Дпмне Струга am Dienstag, 23. Juni 2020

 

Сепак наредбата да се отстрани знамето од игралиштето не престанува тука, директорката започна да се заканува и преку социјалните мрежи. Освен тоа таа ги нападна и навредуваше граѓаните со свои коментари на социјалните мрежи.

Дел од истите се во продолжение.

Минатиот месец на повеќе места низ Македонија беа уништени симболи на Сонцето од Кутлеш, но друга млади лица повторно одлучија да ги нацртаат.

Коронавирус