четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 133
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Вести

Директори на училишта во Чаир со истечен мандат ја вршат должноста „директор“

Директори на училишта во Чаир со истечен мандат ја вршат должноста „директор“

Директорите на основните училишта „Хасан Приштина“ и „Битолски Конгрес“ од Чаир и покрај истечен мандат остануваат на менаџерска функција, дознава Алфа. Родители кои го пријавија проблемот велат директорите мандатаруваат противзаконски, дали е вистина и како е тоа можно? Бевме во ОУ. „Хасан Приштина“. Директорката не била тука.

– Моментално директорката нее тука. Овие другите што се на работа не можат да зборуваат. Таа нее на работа? Не, излезена е, ни рече еден од вработените во училиштето.

Директорката на ОУ. „Хасан Приштина“ овде во скопски Чаир, барем денеска не беше на своето работно место. Од училиштето ни рекоа дека немала ништо што да каже.

Родителите никако не сакаа да зборуваат пред камера.

– Имате ли информација дека директорката е поставана незаконски на функција? Не знам стварно, ни рече еден човек.

Бевме и во ОУ. „Битолски Конгрес“. Директорот не прими во канцеларија, но не сакаше да јавно да зборува. Децидно вели директорувал законски.

Директорот на ОУ. „Битолски Конгрес“, или како што ни кажа Конгреси и Манастирит како што било запишано во регистерот, рече дека ги имал сите документи дека менаџерска функција. За повеќе информации не упати во општина Чаир.

Оттаму само кусо ни рекоа дека постапката за избор на нови директори била во тек. Нема објаснување на која основа овие остануваат да мандатаруваат и зошто навреме не се избрани директори.

Извор: alfa.mk

Коронавирус