среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 27
home Вести

Динамичен и доминантен настап на Мицкоски

Динамичен и доминантен настап на Мицкоски

Динамичен и доминантен настап на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во дебатата „Отворено“ на 24 Вести. Вакви се коментарите на јавноста по вчерашното интервју на кое Мицкоски одговараше на прашања поставени од повеќе провладини новинари.

Мицкоски меѓу другото во интервјуто рече дека клиентелизмот и сервилноста на судството треба да се сузбијат.

Реформи во судскиот систем и обезбедување на непристрасност, односно да исчезне клиентелизмот, субјективноста и сервилноста мора да бидат лајт мотив како ќе се реформира судскиот систем, како би требало да функционира во иднина, изјави Мицкоски.

-Ова е проблем од осамостојувањето, од државноста, и тоа е императив за нас политичарите како да го надминеме и јас лично како човек во иднина многу ќе се занимавам како да обезбедам независен и комотен, самостојен судски систем во Република Македонија. 27 ноември е еден тажен ден за македонското судство, кога една група луѓе беше приведена, тука се случија многу лични трагедии и не само тоа што не пеестанува, туку интензитететот на притисок се зголемува, се продолжуваат тие притвори без докази, вели Мицкоски.

Ова е притисок јасен како ден и тука нема дилема. Од контактите со нивните семејства, знам дека нема докази за луѓето кои што се во притвор. Законот е јасен, притвор се определува ако постои сомнеж дека некој ќе избега, дека ќе го повтори кривилчното дело, рече Мицкоски во емисијата „Отворено“ на 24 Вести.

-Имаме обвинение за тероризам и акт против Уставот бидејќи давал мимики и ишарети. За тероризам и акт против Уставот. Македонија во моментов е држава со најголем број терористи по жител. Семејствата на побвинетите велат дека докази нема. Ова е притисок јасен како ден и тука нема дилема. И тука, секој кој што сака да спори со таа намера, не е чесен. Не само што притисокот не престанува, туку интензитетот на притисок се зголемува. Не престануваат тие притвори, без докази. Апослутно сум против мерката притвор да се злоупотребува, рече Мицкоски.

Коментирајќи го законот за јазици, Мицкоски рече дека тој е антиуставен и неприменлив.

На прашање каков е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за изгласаниот Закон за употреба на јазиците од страна на владејачкото мнозинство на СДСМ, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата Отворено на ТВ 24 истакна дека во неколку прес конференции го кажал ставот на ВМРО-ДПМНЕ а тоа дека овој Законот е антиуставен и неприменлив.

– Ги повикавме владејачките коалициони партнери да формираме работна група која што ќе ја сочинуваат сите парламентарни партии, каде што ќе повикаме експерти, претставници од македонската академија на науките и уметностите, претставник од кабинетот на претседателот на државата, додаде тој.

Мицкоски потенцираше дека причината поради која поднеле голем број на амандмани е поради тоа што биле брутално одбивани од страна на Владата на СДСМ да формираат работни групи. Тој уште еднаш побара од владејачкото мнозинство да го повлечат законот и да седнат на маса се со цел да се подобри законот и да се направи применлив за сите.

Мицкоски рече дека не само што ВМРО-ДПМНЕ смета дека е законот за двојазичност е неуставен, туку дека и голем број на експерти и универзитетски професори го окарактеризирале истото.

Коронавирус