понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 146
Во живо

Обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на нацијата

home Вести

Димовски: Законот за ЈО не е услов за Европската унија

Димовски: Законот за ЈО не е услов за Европската унија

Законот за јавно обвинителство освен да се заштити СДСМ од крупните афери, не е приоритет и не е фиксиран како услов за членство во ЕУ, ова го изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски во гостување во емисијата Топ тема на ТВ Телма.

Димовски нагласи дека институциите во Македонија не функционираат укажувајќи на обвинувањата од страна на јавен обвинител кој што во судница кажа дека судија нарачувал како да постапува во одреден случај, како и тоа дека никој не верува дека обвинетиот во случајот Рекет Бојан Јовановски е врвот на мафијата во Република Македонија. Кога обвинител ви кажува дека судија нарачувал како да постапува обвинителот и никој ништо не преземал во Република Македонија.

Сега сите треба да веруваме дека врвот на мафијата е Бојан Јовановски. Во пракса тоа што ни се случува на улица, тоа што ни се случува во институциите е хаос, не функционираат институциите. Во однос на датум за почеток на преговорите на Република Македонија со Европската Унија, Димовски потенцираше дека не е само Франција која што бара промена на методологијата туку дека дури 9 држави од ЕУ имаат конкретни услови за промена на методологијата за почеток на преговорите. 9 држави од Европската унија имаат конкретни услови за изменување на процесот на проширување што значи дека оваа дебата ќе потрае и ќе имаме секако покомплициран процес за зачленување во ЕУ.

Што значи тоа? Тоа значи дека ако сме сериозна држава и ако приоритет ние е ЕУ ние ќе мораме да имаме политички систем кој што ќе знае брзо да ги испорача но квалитетно да ги испорача, но квалитетно да ги испорача или применливо да ги испорача потребите на она што е очекување од Европската унија во насока на исполнување на приоритетите на граѓаните.

Во моментот ние со толкава отстапка која што ја направивме со промена на уставното име, промена на идентитет на нашите граѓани на оваа не успеа да издејствува одлука за започнување на преговорите заради тоа што Рекет беше во најава, дипломатите го знаеја за тоа како функционира судството, односот на власта спрема бизнисмените, односот спрема политичките противници, кажа тој. Димовски смета дека Република Македонија има добра норматива за многу области но примената на законите е на катастрофално ниво. Ние како држава имаме добра норматива за многу области, примената на законите е на катастрофално ниво, вели Димовски.

Коронавирус