понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Димовски: За жал, за прв пат по 10 години оваа власт ги покачи даноците, придонесите за пензиско и инвалидско осигурвање и акцизата

Димовски: За жал, за прв пат по 10 години оваа власт ги покачи даноците, придонесите за пензиско и инвалидско осигурвање и акцизата

Вечерва на „Економски магазин“ гостуваше Илија Димовски кој што посочи дека за овие три години власта ништо не направи на економски план за да го подобри животот на граѓаните како што ветуваше. Напротив оваа власт единствено ги покачи даноците, ја покачи акцизата за нафтата.

Ова Собрание беше под постојан притисок од Извршната власт, пратениците од опозицијата тоа го чуствуваа на својот грб. Имаше ненормален притисок посебно околу гласање на одредени работи на кои што власта сметаше дека мора да се донесат, истакна Димовски.

Димовски додаде дека овој мандате ќе се памети по тоа што за прв пат по 10 години Собранието донесе одлука за покачување на даноци. Прв пат после 10 години Собранието донесе одлука за покачување на придонеси за пензиско и здравствено осигурување. И прв пат после 10 години Собранието донесе одлука за покачување на акцизи. Значи давачките се зголемуваа во овој период, а во исто време овој мандат ќе се памети по драстично намалување на реализација на капиталнин расходи, пад на индустриското производство, посебно што загрижува значајниот пад на вработените во индустријата, тој индекс постојано паѓа во овие три години.

Ќе го памтиме по издишување на она поле со привлекување на странските директни инвестиции. И најстрашното според мене, а многу малку коментирано во економскиот дел од јавноста е драстичен пад од повеќе 30% на домашните инвестиции. Тоа се конкретните бројки кои што се ефект на економските политики на оваа власт. Мислам дека во економскиот дел граѓаните најдобро го чувствуваат, појасни Димовски.

Димовски образложи дека власта ќе се пофали дека пензиите ги качила за 700 денари во 3 години, но не кажува дека лековите се поскапени за 100% во аптеките. Или ќе се пофалат дека нема радиодифузна такса но ако се излезе на пазар или се отиде до продавница ќе се види дека за истите 1000 денари можете на пола да ги купите оние работи кои што сте можеле да ги купите пред 3 или пред 5 години.