понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 5
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Димовски: За два месеци имаме затворање на 4 фабрики, над 500 граѓани останаа без работа

Димовски: За два месеци имаме затворање на 4 фабрики, над 500 граѓани останаа без работа

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ вечерва гостуваше во „Економски магазин“ каде што посочи дека откако СДСМ дојде на власт многу граѓани останаа без работни места.

-Фабрики се затворија, а власта продолжува да се фали дека платите се зголемуваат. Имаме изјава од Владата која што вели дека 300.000 луѓе земаат над 18.000 денари плата, тоа значи дека 500.000 земаат под 18.000 денари плата. Тоа е изјавата од актуелниот потпретседател на Влада и тоа на економскиот сегмент. Со воведување на овој концепт со форсирање на непродуктивноста практично ние за два месеци имаме затворање на една текстилна компанија во Тетово, една текстилна компанија во Велес и две чевларски во Куманово. А, тука има над 500 луѓе кои што останаа без работа, заклучи Димовски.

Димовски додаде дека за споредба првите три години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и првите три години од владеењето на СДСМ без онаа година кога се воведе концептот на бруто плата.

-Во 2006-та година просечната плата растела 7.3%, а во 2017-та година само 2.6%. Во 2007 година втората година на ВМРО-ДПМНЕ растела 7.9%, а во 2018-та година во време на СДСМ растела само 5.9%. Во 2008 година пораснала за 10.4% во време на ВМРО-ДПМНЕ, а во 2019-та година пораснала само 3.9%. Значи бројките кажуваат се. А, околу проектот „Мој ДДВ“ и целокупниот пакет со прогресивниот данок, мислам дека тука експертската јавност има неподелено мислење бидејќи ефектите од персоналниот данок ги видовме и на данокот на добивка и ги видовме на персоналецот и индивидуалниот. Од планирани 249 милиони евра за наплата минатата година по однос на данок на добивка државата реализираше 188 милиони, а тоа значи или фирмите книжеле многу помала добивка или значи дека ни се случило огромна евазија од 60 милиони евра ненаплатен данок, појасни Димовски.

Димовски образложи дека Македонија немала послаба година од 2019 изминативе 15 години за реализација на капитални расходи.