понеделник, 19. август 2019. Вести денес: 7
home Вести

Димовски: Судот со работењето надвор од работното време прави кршење на некои прописи и финансиски правила

Димовски: Судот со работењето надвор од работното време прави кршење на некои прописи и финансиски правила

Во емисијата „Отворено“ на Алфа телевизија новинарот кој долго време си следи судските процеси Саше Димовски вели судот не може да работи надвор од работното време освен ако нема некои поинакви околности. Според него се друго би било кршење на некои прописи и кршење на некои финансиски правила. Околу изјавата на Катица Јанева дека нивните предмети се одовлекуваат Тасевски додава дека биле направени веднаш промени околу закажувањето на рочиштата.

– Веднаш откако беше дадена изјавата на Катица Јанева веднаш судијата Кацарска побара да се отстапат термини од другите постапки. Сите термини кои се закажани за „Титаник“ се издејствувани по изјавата на Јанева. Не ги оправдувам адвокатите кога се обидуваат да ги одложат рочиштата но овде адвокатот седи во една судница а е казнуван зошто не присуствувал на друго место. Тоа е недозволиво и Стразбур ќе констатира процесни повреди, рече Димовски.

Димовски даде пример од судењата и посочи дека минатата недела кога излегле сите обвинети од 27 април никаде од околината немало ниту храна ниту вода. Тој посочува дека тоа воопшто не е хумано и дека не може да се очекува обвинетите цел ден да се држат без храна и вода и утре да се очекува дека тие ќе дојдат подготвени на Судење. Тој вели дека тоа се сериозни повреди кои Македонија ќе плаќа.

– Да закажете 60 термини за судење е себичност. За да закажете толку термини не дај Боже на некој нешто да му се случи. Не може да се предвиди тек на судење до Февруари 2019-та ако не ги видиш сите луѓе. До сега има примери за неколку починати во текот на судење. Ова не е видено до сега и незамисливо е ден за ден да се закажуваат судењата. Секогаш во принцип судот се консултирал со обвинетите и така наоѓал некој компромис, вели Димовски.

Околу судењата на поранешниот премиер Груевски и сегашниот Заев, Димовски вели дека за нема ист аршин за постапките пред Апелација.

– Во судењата на Груевски и на Заев не видовме ист аршин пред Апелација. Во едниот случај закажаа јавна седница после 2 дена, а во другиот случај не го видовме истото. Ако се реформирало судството да видевме дека барем двајцата се еднакви пред судството, рече Димовски

Околу обвиненијата на СЈО, Димовски не заборави да посочи дека во тогашната власт покрај ВМРО-ДПМНЕ беше ДУИ дел од владата. Тој притоа го даде примерот околу сомнежите вицепремиерот Бујар Османи за кој СЈО се барало потеклото на имотот. И притоа додаде дека околу тој случај нема никакви информации до јавноста до каде е стигнат, рече Димовски.