Толку за наводната грижа за тутунопроизводителите!, пишува претеникот Лјупчо Димовски.
За да не се слушне гласот на вистината, таканареченото собраниско мнозинство денес го отфрли предлогот на пратениците од опозициската Коалицијата “Обнова на Македонија”- ВМРО-ДПМНЕ, СПМ, Гром и ДПСМ Информацијата за состојбата за откупот на тутунот од реколта 2020/2021 во дневниот ред на денешната Седница да добие приоритет и итно да се расправа!
Докажано и потврдено кај власта безгранични се лицемерието, лагата и измамата на тутунопроизводителите!, вели во својата објава Димовски.