среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 136
home Вести

Димовски: Со стопирањето, власта одлучи до крај на мандатот да не започне со изградба на нов Клинички Центар

Димовски: Со стопирањето, власта одлучи до крај на мандатот да не започне со изградба на нов Клинички Центар

Иако ги планиравте средствата во висина од 70 милиони за изградба на Клинички центар во овој годишен буџет, донесовте одлука да стопирате проект кој што беше доведен до ниво избран изведувач. Практично требаше само камен темелник да удрите и да почне изградба. Одлучивте покрај тоа да нема Клинички центар, одлучивте и средствата кои што беа предвидени во буџетот да не влезат како инпут во македонската економија, изјави на денешната собраниска седница за пратенички прашања пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

– Кога веќе одлучивте Клинички да не се гради на локацијата одбрана од претходната влада, предупредив дека таквата одлука ќе значи одложување на целиот проект и неизградба на Државен клинички центар најмалку до крајот на вашиот мандат. Вашите одлуки ќе значат дека во Република Македонија во овој мандат нема да започне изградба на Клинички центар, потенцираше Димовски.

Тој додаде дека бидејќи владата се откажала од двете локации доставил предлог во Собранието за нова локација во општина Петровец, затоа што околу Петровец во радиус од 50 до 70 километри гравитираат 970.000 жители од околните градови, а дури и има и аеродром, но додаде дека владата и мнозинството избегнуваат дебата на оваа тема и тоа барање е залутано низ Собранието.

Димовски нагласи дека предлогот на власта Клиничкиот да биде после Ѓорче Петров е нелогичен затоа што само на 30 километри во Тетово веќе има еден Клинички и зошто кога веќе има еден се прави друг во близина, а од друга страна од другите градови граѓаните треба да патуваат и по 200 километри за да се лекуваат.

– Не можам да сфатам како понатаму од Ѓорче Петров е подобро од Петровец кога на 30 километри од Ѓорче Петров има Клинички во Тетово. И во 30 километри би имале два клинички, Тетово и Државен , а ваму за од Битола да дојде некој во државен клинички треба да мине 200 километри, вели Димовски

Коронавирус