петок, 4. декември 2020. Вести денес: 5
home Вести

Димовски: Со промената на локалната власт на ниво на Град Скопје запрена е инфраструктурната реконструкција на значајните сообраќајни артерии

Димовски: Со промената на локалната власт на ниво на Град Скопје запрена е инфраструктурната реконструкција на значајните сообраќајни артерии

Мала иницијација пред некој ден разговаравме токму со колегите пратеници од Скопје, во насока на изградба на инфраструктурата и во насока на сообраќајниот хаос кој што секојдневно се случува во Градот Скопје, изјави Илија Димовски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавање на Комисијата за финансии и буџет.

Димовски образложи дека факт и забележително е дека со промената на локалната власт на ниво на Град Скопје и на ниво на општините на Град Скопје запрена е инфраструктурната реконструкција на значајните сообраќајни артерии во Скопје.

-Колегите Драган Данев, Крсто Јовановски со амандманот всушност предлагаат одделување на средства од буџетот на Република Македонија за продолжување на изградба за булеварот „Борис Трајковски“ од населба Пинтија до населба Драчево. Тоа е онаа сообраќајница која што почнува негде од општина Кисела Вода од споменикот на „Тодор Александров“ која што во мандатот на претходниот градоначалник на Град Скопје беше целосно реконструирана, проширена и навистина функционира многу добро. Но запре со фаза до населба Пинтија, појасни Димовски.

Со што амандманот беше одбиен од страна на парламентарното мнозинство.

Коронавирус