понеделник, 6. декември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Димовски: Штом АРМ е толку често надвор од касарните, тоа е доказ дека државата не функционира!

Димовски: Штом АРМ е толку често надвор од касарните, тоа е доказ дека државата не функционира!

Вклучувањето на АРМ во сите државни активности е доказ за нефункционални цивилни институции… Армијата на Република Македонија е единственото нешто што функционира во оваа држава (со исклучок на неколку професии кои во овие две три години беа на линија на борбата со болести, пожари и слично).

Ова го истакнува Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, а неговата куса анализа ви ја пренесуваме во продолжение:

Цивилните државни органи и нивниот менаџерски кадар како да не постојат.

Далбок наклон и почит за сите припадници на Армијата на Република Македонија.

Но, Армијата има други задачи и обврски. Таа не смее да биде супституција на неодговорна, неработна и неорганизирана власт.

Во овие неколку години АРМ се користи за се и сешто, секогаш кога цивилната власт потфрла со својата работа. Тоа не смее да биде така.

Армијата на Република Македонија не е куп на механизација и физичка сила која може и треба да биде ангажирана секогаш кога државата и некој министер ќе потфрли во својата работа.

Слика 1: АРМ чува продавници

Слика 2: АРМ чува болници

Слика 3: АРМ растовара вакцини

Слика 4: АРМ гаси пожари

Слика 5: АРМ гради болници

Каде е Центарот за управување со кризи?

Каде е Дирекцијата за заштита и спасување?

Каде е Министерството за транспорт?

Каде се општините?

Зошто плаќаме постоење на десетици и десетици државни органи и илјадници вработени во нив ако за сите активности ја ангажираме армијата?

Зошто ниту еден функционер не понесе одговорност за задоцнета реакција во своите планирања и активности, при што се создало потреба за ангажман на АРМ?

Штом АРМ е толку често надвор од касарните, тоа е доказ дека државата не функционира…

Коронавирус