среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 21
home Вести

Димовски: Секој од нас, без разлика дали е ВМРО-ВЕЦ, СДС-ОВЕЦ, ЛЕВИЧАР, ДЕМОКРАТ е должен на свој начин да се спротистави на ова лудило и предавство

Димовски: Секој од нас, без разлика дали е  ВМРО-ВЕЦ, СДС-ОВЕЦ, ЛЕВИЧАР, ДЕМОКРАТ е должен на свој начин да се спротистави на ова лудило и предавство

Историчарите од комисијата не треба да чекаат ниту еден момент повеќе, за да ја напуштат комисијата во која се членови. Се надевам дека за разлика од ликот на сликата, тие барем имаат грам совест и почит кон сопствената држава, историја и народ. Што се однесува до интервјуто на ликов од сликата за БГНЕС, на кого не сакам ниту името веќе да му го изговорам, ќе кажам дека е срамно, подло, грозно и одвратно. Од него не можеме ниту да очекуваме нешто друго, освен таква омраза кон македонскиот народ и држава, стои во Фејсбук статусот на Димитар Димовски.

Но затоа, секој еден од нас има должност да ја брани државата од надворешен, но и од внатрешен непријател. Во моментот, тоа се бугарската власт (не бугарскиот народ) и ликот на сликата со неговите слепи послушници.И секој еден од нас, без разлика дали е Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Бошњак, Влав, Ром…, без разлика дали е ВМРО-ВЕЦ, СДС-ОВЕЦ, ЛЕВИЧАР, ДЕМОКРАТ… е должен на свој начин да се спротистави на ова лудило и предавство. Не смееме да чекаме ниту еден момент повеќе. Веднаш треба да се спротивставиме, на секој можен начин. Сите ние имаме наследена и стекната должност да ја одбраниме Македонија,затоа што тоа е нашата татковина, нашето наследство, оставштина од нашите предци и нашата иднина. Не треба никој од нас да се правда дека не бил повикан, не бил организиран или се плашел. Веќе не смее да имаме оправдувања. Време е за улица, блокади и изразување револт. Време е да го детронизираме овој диктаторски лик и булументата околу него! Да почнеме веднаш, да не биде доцна!, пишува тој.

Коронавирус