петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Димовски: СДСМ се откажа од уште едно свое ветување дека нема да финансира медиуми со државни пари

Димовски: СДСМ се откажа од уште едно свое ветување дека нема да финансира медиуми со државни пари

На денешната собраниска седница имаше обраќање пратениот Илија Димовски од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Димовски кажа дека СДСМ се откажа уште од едно свое ветување а тоа е дека нема да финансира медиуми со државни пари.

„Факт е дека СДСМ се откажува од уште едно свое ветување дека нема да финансира медиуми преку државни пари. Овој закон и дозволува на Владата над 50 милиони денари да ги подели на печатени медиуми“

Тој кажа дека има неколку моменти кои што се клучни а тоа е дека во законот не се внесени никакви критериуми по кој што ќе се поделат парите наменети за медиумите во износ од 50 милиони денари.  Димовски потенцираше дека министерот е оној кој треба да ги  подели парите врз основа на програма кој тој треба да ја состави и истакна дека таа програма се базира само на неговите субјективни критериуми.

 

Коронавирус