сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 93
home Вести

Димовски: СДСМ сака да се богати на грбот на граѓаните

Димовски: СДСМ сака да се богати на грбот на граѓаните

Олигарсите, кои во периодот на транзицијата, со помош на СДС ја приватизираа Македонската економија и оставија повеќе од 200.000 луѓе на улица, не додржаа. Си ги покажаа крволочните заби. И во најтешките времиња за здравјето на луѓето и економијата на државата, тие се желни само за повеќе капитал.

Нормално, на сметка на народот. Да го доисцедат до крај, да му го земат и тоа малку што го има. За да ги направат луѓето уште повеќе зависни од нив. И повторно, со помош на СДС. Рецидивите од посткомунистичкото време, повторно се главни на сцената, иако задскриени зад параванот на Стопанска Комора на Македонија.

Нивното најново барање е да се покачи акцизата на нафтените деривати, на бензинот и дизел горивото. Со предложените мерки, во просек во државниот буџет, по основ на акцизи и ДДВ од продажбата на нафтените деривати, на месечно ниво би се прибрале средства поголеми за 3,8 милиони евра, односно повеќе од 45,6 милиони евра на годишно ниво.

Ова значи дека тие средства ќе ги приберат од народот, од микро, малите и средни бизниси и од земјоделците. Сите тие треба да се жртвуваат, за олигарсите да можат да се богатат. Власта со задоволство ќе го прифати ова барање, затоа што се заедно во ова ново осиромашување на земјоделците, сите мали бизниси, превозниците, кои и до сега го полнеа буџетот во поголем дел, а притоа немаа пари и средства за луксузирање туку за преживување.

После оваа криза и промената на власта, крајно време е на олигарсите да им се каже – ДОСТА Е, вратете и го на Македонија тоа што и го одземавте. И крајно време е да се направи ревизија на приватизацијата.

Фејсбук статус на Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Коронавирус