вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 63
home Вести

Димовски: СДСМ го унакази зборот „живот“, се што кажаа се излажаа

Димовски: СДСМ го унакази зборот „живот“, се што кажаа се излажаа

Го унаказија зборот „живот“. Ако ветуваа под „живот“ дека ќе донесат 500 евра просечна плата, дека докторите ќе имаат 100 000 денари плата, ако под „живот“ подразбираа дека нешто ќе се случува поубаво, подобро од претходно тогаш со што покјажаа дека донесоа „живот“. Зошто велам дека го унаказија терминот „живот“. Сега кога ќе му спомнете на обичен човек живот како збор се стресува заради тоа што се она што го прават е спротивно на се што ветија. Се што кажаа се излажаа, истакна членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски.

Димовски во емисијата „Ѕид“ на Алфа ТВ рече дека со вакви политики СДСМ ја уби надежда кај луѓето. Тој  истакна дека граѓаните не ги заборавија лагите на СДСМ. Една од нив е по еден вработен од секое семејство каде што СДСМ  ја вети на 15 септември во 2002 година. Меѓутоа тој тврди дека неговото членство веќе за 10 месеци сфати дека е излажан од владата на Зоран Заев.

Димовски говореше и за Законот за јазиците. Тој претпоставува дека тоа е всушност основата на договорот за формирање на влада помеѓу СДСМ и ДУИ.

-Претпоставувам дека тоа било основата на која што се договориле да формираат влада. Односно самото тоа произлегува од Тиранската платформа која што нели „ја немаше“ па излезе дека ја има и еве едно од точките кои што се спроведуваат е токму Законот за употреба на јазиците односно законот за двојазичност, потенцираше Димовски.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија сериозно се спротивстави на донесување на овој закон бидејќи постои сплет на причини зошто оваа партија е против овој закон. Пред се Димовски рече дека како политички чинители, тие се должни да го спречат противуставното делување на законот од било кого во државата. Тој додаде дека СДСМ со ваков начин на донесување на законот го згазија Уставот.

-Буквално го згазија Уставот , како да го фрлија на земја и како да газеа врз држава. Треба да се отфрлат амандмани? Треба да им забраните на пратениците да го искажат своето загарантирано право на говор? Во која држава е дозволено тоа праша Димовски.

Тој додаде дека отфрлањето на амандмани и недозволување на пратениците да говорат на говорницата во Собранието е класично насилие од страна на Власта.

-Знаете каде е проблемот со донесување на овој закон? Се урива веќе поставениот концепт на Уставот во држвата во едно мултиетничко општество. Уривањето на овој концепт подразбира дека во државата се носи веќе едно бинационално општество и се создава бинационална држава со овој закон . Тој е основниот предуслов. Ги поништуваме сите други малцинства а го фаворизираме само едното малцинство истакна Димовски.

Тој истакна дека доколку законот се објави во службениот весник ке биде поразително за држвата. Тој вели дека со овој закон се прави раздрор во општеството бидејќи предуслов за да се живее во државата е да се знае македонскиот јазик додека албанците немаат намера да го научат.

-Премиерот кажа дека јазикот е да се разбереме. Што подразбира со тоа Премиерот? Ако 25 години едно малцинство не нашло за спорно дека треба да го почитува уставот односно дека треба да го знае македонскиот јазик , да го учи, тоа е основен предуслов да бидете граѓанин на Република Македонија. Да го користите кириличното писмо на тој јазик и нема намера да го научи тој јазик. И што значи сега ние како мнозинство како македонци треба да го научиме албанскиот јазик може да се разбереме? Тоа ли е соживотот кој го замислуваа? На тој ли начин треба да се разбираме праша Димовски.

Коронавирус