сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 95
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Димовски: Само Собранието во Македонија е контролирано од извршната власт, за жал нема предлог кој што не поминал од власта на СДСМ

Димовски: Само Собранието во Македонија е контролирано од извршната власт, за жал нема предлог кој што не поминал од власта на СДСМ

На денешната собраниска седница, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски посочи дека колегите од ВМРО-ДПМНЕ доста прецизно образложија кои се нивните дилеми околу предлогот за директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информација од јавен карактер.

-И на почетокот дозволете да ви објаснам како течеше постапката во рамки на Комисијата за прашање на избори и именувања. Овој предлог на Комисија го истакнаа колегите пратеници од СДСМ, предлогот доби 7 гласа „ЗА“ и 6 гласа против. Шест гласа против беа членовите на Комисија за разрешувања и именувања од ВМРО-ДПМНЕ. Причините зошто гласавме против се во главно во онаа линија во која што колегите пратеници ги образложија, објасни Димовски.

Димовски додаде во Република Македонија е многу јасно поделен политичкиот систем според Уставот и законите. Политички фигури треба да сносат политичка одговорност на политички позиции.

-Така се црпи легитимитетот. Луѓе кои што излегле на избори, добиле легитимитет, гласале луѓе за нив, ги поддржале и им дале можност врз база на програма, врз база на кредибилитет личен. Но во делот на овие институции, врз чија надлежност и на Собранието на Република Македонија, а не Владата на Република Македонија не случајно нашиот политички систем, а и генерално сите европски континентални политички системи се поврзани во својот избор и во своите извештаи, своите програми кои што ги носат се поврзани само со Собранието, а не и со Владата, заклучи Димовски.

Димовски образложи дека доколку Агенцијата биде поставена под извршна власт волјата на нејзиното функционирање ќе зависи од волјата на извршната власт.

-Поради тоа во Европа ваквите институции се ставаат под Собранието. Бидејќи се претпоставува дека Собранието е посебна власт и независна од извршната. За жал во овој случај кај нас не е така. Така е напишано во Уставот, но не е така бидејќи мнозинството во Собранието дозволува да биде контролирано од извршната власт. Нема предлог кој што од извршната власт не поминал.

Коронавирус