вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 126
home Вести

Димовски: Разликата е очигледна, плус 25 илјади гласови во град Скопје, над 50 илјади на државно ниво за ВМРО-ДПМНЕ

Димовски:  Разликата е очигледна, плус 25 илјади гласови во град Скопје, над 50 илјади на државно ниво за ВМРО-ДПМНЕ

Илија Димовски поранешниот висок функционер и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во Телевизија 24 вечерва, истакна дека разликата е очигледна по резултатите од изборите и тоа во полза на ВМРО-ДПМНЕ затоа што има повеќе од 25 илјади гласови во град Скопје, а над 50 илјади гласови на државно ниво, но и во многу општини има до сега невидени разлики, јасен е опозицискиот тренд во полза на ВМРО-ДПМНЕ.

-Општините во кои победува ВМРО-ДПМНЕ се од карактер на урбани центри или градови кои имаат во 50,60,100 илјади гласачи значи зборуваме за Штип, за Велес, за Аеродром, за Ѓорче, за Гази Баба која има 90.000 жители, за Кисела Вода со 80.000 жители, центри кои носат огромен број на гласачи и таму има огромни разлики, затоа што победа во Аеродром со 10.000 гласови до сега не се има случено, победа во Кисела Вода со 7500 гласови до сега се нема случено, победа во Гази Баба со 8-9.000 гласови се нема случено, вели Димовски.

Тој истакна дека може да се релативизира, но 10.000 гласови во Аеродром и 9.000 гласови во Гази Баба говори за една тенденција на гласачите во урбаните центри во прилог на ВМРО-ДПМНЕ.

-Втора работа која сакам да ја потенцирам е дека денеска веќе ги има резултатите од советничките листи, на тие најсурово можеме да видиме каков е соодносот помеѓу политичките партии, разликата на ниво на град Скопје помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е 25.000, на државно ниво разликата на советничките листи е некаде помеѓу 50-60 илјади гласови, истакна Димовски.

Коронавирус