среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 129
home Вести

Димовски распали по владата: Вашата неспособност ќе не остави да чекаме пред портите на ЕУ

Димовски распали по владата: Вашата неспособност ќе не остави да чекаме пред портите на ЕУ

Владо Бучковски (поранешен премиер) за специјален претставник на Владата за Бугарија…
Што тоа, најмалку, значи?
➡️ Владата признава целосен неуспех во односите со Бугарија;
➡️ Владата признава пропаѓање на целите и целисходноста од потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија со таква содржина;
➡️ Република Македонија и нејзините граѓани не добија тоа што им беше ветувано (од сопствената власт) како причина за промена на името (и целиот пакет на идентитетски точки во Преспансккот договор), односно беа излажани;
➡️ Владата нема капацитет за сериозни прашања како ова со Бугарија, но признава дека немала ни до сега;
➡️ Министрите за надворешни работи и европски прашања, Бујар Османи и Никола Димитров, добија одземање на дел од ингеренциите, но и на јавна сцена посочувања на лична одговорност кон нив двајца, од своите во Владата;
➡️ Прва презентација и потврдување на сомнеж за очигледена поделба во Владата по прашањето на Бугарија;
➡️ Следствено, постепено тргање на Димитров и Османи од прашањето за односите со Бугарија;
➡️ Владата со овој потег во целост застана зад тезите на Зоран Заев искажани во фрапантното и скандалозно интервју за Бгнес, заради тоа што единствени двајца сериозни политичари кои дадоа поддршка на тезите (не само за Зоран Заев како политичар, како што мудро и лукаво направија дел од министрите во Владата) искажани во тоа интервју беа токму Владо Бучковски и Љубчо Георгиевски;
➡️ Владата не покажа никаква желба и порака на национално надпартиски и надидеолошко обединување, доведувајќи му ја оваа работа токму на професорот Бучковски;
➡️ Зоран Заев покажа висок степен на грижа за својата моќ во СДСМ, прибирајќи го до себе, вториот Претседател на СДСМ, после јасното политичко конфронтирање со првиот.
➡️ За Димитров би било корисно (ако веќе политички и не е доцна) да се произнесе јавно за односите во Владата, за идентитетските прашања, за тежината од Преспа, за последиците од евентуалното прифаќање на идентитетски разговори и со Софија, за тезите од интервјуто на Заев,…
➡️ За ДУИ би било корисно да го прекине хаосот на осмицата, зошто целото општество и држава ќе отиде на десетката, па после ете ти проблем…
➡️ За опозицијата е корисно да побрза со активностите за поднесување на Прашањето за доверба на Влада до Собранието, а прашањето треба да биде: Дали тезите на Заев, кои попатно станаа и ставови на Владата, се и политика на Собранието? Дали Собранието дало таков мандат и дали ќе поддржи политика кон Бугарија на основа на филозофијата дека ние сме нација која постои од 1945, а пред тоа сме имале заедничка историја со Бугарите? Дали сите членови на Владата и сите пратеници од мнозинството во Собранието стојат зад оваа политика?
➡️ Освен лична кавга со Заев, за тоа кој е поискусен и кој знае да мери што зборува, а кој не, од Претседателот Пендаровски друга активност дали ќе видиме? (На пример, да биде политички креативен најмалку колку Заев и да повлече потег најмалку толку продуктивен за неговата политика, колку што Заев се обидува да биде продуктивен за својата политика со внесувањето на Бучковски во игра).

Владо Бучковски (поранешен премиер) за специјален претставник на Владата за Бугарија…
Што тоа, најмалку, значи?

➡️…

Posted by Ilija Dimovski on Wednesday, December 2, 2020

Коронавирус