четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 148
home Вести

Димовски: Промената на Законот за банки и Законот за правата на јавни приходи значи влез на државата во најинтимните точки на секој граѓанин

Димовски: Промената на Законот за банки и Законот за правата на јавни приходи значи влез на државата во најинтимните точки на секој граѓанин

Благодарение на многуте актуелни политички теми ова Собрание заборава да разговара за граѓанските потреби и граѓанските права. Оние основни во кои што апсолутно немаме разлика дали некој е Македонец, Албанец, Турчин, Влав, Ром, Бошњак. Дали некој е христијанин или муслиман или атеист, или припадник на друга религија посочи пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Илија Димовски при заседавањето на седницата во Собрание на Република Македонија.

Димовски образложи дека денес на дневен ред има два закони за кои што оделно ќе предложи да се тргнат од дневен ред со кој што се нарушуваат основните човекови права на граѓаните на Република Македонија. А, се утврдени со член 18 од Уставот на Република Македонија кој што гласи – „Се гарантира сигурноста и тајноста на личните податоци, на граѓаните им се гарантира заштитата од повреда на личниот интегритет што произлегува од регистрирање на информации за нив преку обработка на податоците.“

По скратена постапка предлагате два закона да се разгледуваат и да се донесат, а тоа е Законот за банки, и Законот за правата на јавни приходи. Со промената во овие закони значи влез на државата во најинтимните и најприватните точки на секој граѓанин, нагласи Димовски.

Коронавирус