сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 7
home Вести

Димовски: Пред една година Мицкоски беше избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, за брзо време ќе ја води и државата мудро, храбро и чесно

Димовски: Пред една година Мицкоски беше избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, за брзо време ќе ја води и државата мудро, храбро и чесно

Пред точно една година, на 16-тиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, беше избран новиот Претседател на партијата, пишува на својот Фејсбук профил членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Димовски во статусот насловен „Нека остане запишано“.

Проф. Д-р. Христијан Мицкоски го презема раководењето на партијата во исклучително тежок период. Период во кој партијата замина во опозиција, а дополнително обременета со напади од сите страни, во кои предничеа квази институционалното СЈО, но и потчинетото судство и јавно обвинителство, потпомогнати од веќе партизираното Министерство за внатрешни работи. Во тие напади, ни најмалку не заостануваа ниту подметнувањата и одработувањето за другата страна, за власта, на одредени поединци кои порано имаа високи партиски и државни функции, а со чие погрешно функционирање и нечесно работење и нанесоа сериозна штета на партијата.

Во годината која измина, се случија големи и крупни работи, кои во Македонската историја ќе бидат запишани пред сé на темната и предавничката страна. Се случи и сеуште се случува економски колапс, етноцид и геноцид врз македонското население, политички прогони на членови на партијата, предавство од најголем размер… ВМРО-ДПМНЕ не даде поддршка и се спротистави на сите овие разнебитувања на Република Македонија.

Во јуни се случи потпишувањето на спогодбата од Нивици (Преспанскиот договор), со кој Зоран Заев и Никола Димитров, поддржани од останатите министри и коалицијата СДСМ и ДУИ го извршија најголемото велепредавство на Македонија и Македонскиот народ.

На 30-ти Септември се одржа манипулативен референдум за прифаќање на спогодбата од Нивици за промена на уставното име, на кој ВМРО-ДПМНЕ и Македонскиот народ, преку негласање, не дадоа поддршка на велепредавството. Самиот претседател на партијата, во претпладневните часови, изјави дека нема да излезе на гласање и не дава никаква поддршка на овој капитулантски чин.

На 19-ти Октомври, спротивно на вољата на народот, но и спротивно на Уставот и Законот, а помогнати од 8-мина уценети пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, парламентарното мнозинство со 80 гласа ЗА го отвори Уставот за промена на уставното име, но и за промена на идентитетот, културата и историјата.
Ако ВМРО-ДПМНЕ претходно беше потписник на Охридскиот рамковен договор, но и на договорите Пржино1 и Пржино2, овој пат гордо може да каже дека не даде поддршка и не го потпиша Преспанскиот договор. Со напуштањето на понатамошното учество во промена на уставот, од страна на пратеничката група на партијата, целиот овој процес нема легитимитет.

Со ова, се остава можност за целосна ревизија на овој процес во блиска иднина, но и барање на одговорност на сите учесници во велепредавството.

Христијан Мицкоски ја предводи партијата мудро, храбро, чесно и честито, какви што се и неговите карактерни особини. За брзо време, ќе ја води и државата на ист начин, кон подобра иднина и сериозен просперитет на Македонскиот народ и Македонската држава.