недела, 21. јули 2019. Вести денес: 0
home Вести

Димовски: Прашање е дали нашиот премиер може да ја обавува својата функција и да поседува безбедносен сертификат

Димовски: Прашање е дали нашиот премиер може да ја обавува својата функција и да поседува безбедносен сертификат

Ние тука треба да дебатираме дали нашиот премиер може да ја обавува својата функција, дали треба да поседува безбедносен сертификат, дали кабинетот на премиерот ја врши својата работа, дали сите кои што работат во кабинетот на господинот Заев треба да поседуваат безбедносен сертификат и да поседуваат такви информации какви што беа изнесени во разговорите, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во вечерашното свое гостување во Отвореното студио на телевизја 24.

Тој посочи дека по скандалот со руските комичари, се покажа дека целата државна структура, сите безбедносни агенции кои сега се под директна контрола на Заев потфрилија. Димовски го потенцираше примерот на Хашим Тачи кого исто така бил мета на руските комичари, но неговиот кабинет, неговиот протокол како и тој самиот не дозволиле да биде измамен.

-На очиглед на македонската јавност и на граѓаните на Република Македонија се покажа фактот дека целата државна структура сите безбедносни агенции кои сега се и под премиерот, сите протоколи и целиот кабинет на премиерот, вклучително и премиерот апсолутно не се на нивото на оние други држави кои што биле предмет на ист обид за потсмев, влечење на информации или што и да е. Денеска дури и претседателот на Косово Хашим Тачи кажа дека и тој пред седум месеци бил предмет на таков интерес, но неговиот кабинет ги проверил податоците, стапил во контакт со официјална Украина. И не дозволиле кабинетот на Хашим Тачи не дозволил да биде вовлечен во таква ситуација. Од друга страна да креираме сега ситуација дека ние сме нападнати поради тоа што сме за НАТО и сите држави кои што се за НАТО. Веројатно во тој список на држави е и државата Етлон Џон кој што исто така бил предмет на овие исти ликови, вели тој.