понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 107
home Вести

Димовски: Пописот е крајно исполитизиран од СДСМ и ќе биде на штета на Македонците

Димовски:  Пописот е крајно исполитизиран од СДСМ и ќе биде на штета на Македонците

Љупчо Димовски, пратеник на СПМ и дел од коалицијата „За Обнова на Македонија“ во „Што не е јасно“ на Алфа ТВ истакна дека власта го исполитизира пописот поради таа причина го злоупотребува европското знаменце за пописот како и за сите спорни закони досега

– Пописот нема врска со собраниската Комисија за европски прашања и не треба да се носи со европско знаменце. Има максимална злоупотреба на европското знаменце од страна на власта. Пописот ако е статистичка операција, треба да остане да биде статистичка операција, а не да добие политички димензии. На овој начин на кој се инсистира од СДСМ во голема мера уште од сега пописот е крајно исполитизиран и повторно ќе биде на штета на Македонците, потенцира Димовски.

Тој додава дека владата на СДСМ не само што не го спречила иселувањето туку и истото го забрзала, и токму во овој период откако се тие на власт зголемено е иселувањето од Македонија.

– Прво треба да бидеме свесни дека голем број граѓани се иселени од Македонија, но тоа не е случај туку со сите источно европски држави, од каде над 25 милиони се преселени во земјите од ЕУ. Трендот на ислеување не е запрен со новата влада, напротив зголемен е. Не може никој да се изземе од одговорноста дека за овие 4 години нема ниту едно ислување, напротив зголемено е иселувањето, истакна Димовски.

Тој додаде дека иселувањето од Македонија е големо затоа што владата нема одговорна државна политика и стратегија, инвеститори бегаат, додека во Србија гледаме влегуваат огромни инвеститори, а ние станавме слепо црево на економијата во регионот и сите лоши работи се случуваат тука.

Најнови вести

Коронавирус