сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 56
home Вести

Димовски: Ова што се случува со Македонија е тажно, очигледно не е се така розово како што Владиниот ПР сака да го претстави

Димовски: Ова што се случува со Македонија е тажно, очигледно не е се така розово како што Владиниот ПР сака да го претстави

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски при своето гостување во Топ Тема на телевизија Телма истакна дека вестите кои ги добивме денеска од Германија не се добри, со оглед на тоа што Германија после 20 години веќе нема толкава желба за интегрирање на Македонија во Европската Унија.

Тој посочи дека очигледно има некоја подлабока причина зошто Македонија и покрај промената на името не добива датум за преговори со Унијата. -Видете не е добра вест што Германија на некој начин со дипломатски потези во изминатите две, три недели за прв пат во овие 20 години покажа малку успорена желба во нејзиниот однос кон Европските интеграции кон Македонија. Ова прв пат се случува, потенцирам. Секогаш досега во изминатите 10-15 години, Германија била една од државите на рангот на Унгарија, на Словачка, на Чешка, беше спонзор на пробивот. Денешната средба од она што го знаеме не донесува ништо ново.

Ставот дека во септември Бундестагот ќе заседава по ова прашање е став кој што го знаевме и пред една недела. Така да тука има некоја подлабока причина која што ние еве дополнително ќе ја дознаваме. Нашиот сомнеж и нашето мислење е дека германската држава врз база на сериозноста која што ја има во однос на приодот кон Балканот е апсолутно свесна за многу недостатоци кои што се случуваат во Република Македонија и очигледно дека врз основа на оној занес после Преспанскиот договор не нашла доволно причини да го држи тој бран на некаков позитивен занес за Република Македонија. Според Димовски ова што се случува со Македонија е жално и не е се како што владиниот ПР се обидува да го прикаже и спакува. Тој потенцираше дека Владата мора да разбере дека критиките на опозицијата очигледно не се без причина и дека очигледно пропустите во владеењето на Заев ги забележа и некој друг од надвор, а резултат на тоа е отсуството на датум за преговори со ЕУ за Македонија.

-Сето ова е жално, ние многупати минатиот период укажувавме дека не изгледа се така како што владиниот ПР сака да го спакува и од тој аспект би предупредил дека повторните победнички изјави, денеска на Заев не носат ништо, напротив може дополнително да развијат впечаток на нашите партнери дека тука во државата Република Македонија, политичарите не се доволно сериозни. Вие пред една година да и кажете на целата јавност дека сте добиле датум, а не сте добиле датум не може да помине незабележитлно и во ЕУ. Им го рушите кредибилитетот на нивните проценки, на нивните постапки, на нивните одлуки, затоа мислам дека е време Владата да се соочи со фактот дека критичноста која ја има опозицијата према нејзе не е само опозиционо гледање на работите туку и некој друг многу длабоко сето тоа го анализира и низ овие некои дипломатски лупинзи го прикажува и јасно го дава до знаење не само до Владата на дискретни средби туку и на целата јавност преку овие јасни пораки, додаде тој.