петок, 25. септември 2020. Вести денес: 137
home Вести

Димовски: Одлуката Јанева да оди во домашен притвор е скандалозна, судењето за „Рекет“ ќе се одолговлекува

Димовски: Одлуката Јанева да оди во домашен притвор е скандалозна, судењето за „Рекет“ ќе се одолговлекува

Новинарот кој е познат по своите репортажи од правocyдството, Саше Димовски одлуката на Апелациониот суд за замена на мерката ефективен притвор со домашен притвор ја гледа како скандалозна.

Тој не гледа ништо променето од пред еден месец кога Апелација и го продолжи притворот на Јанева. Новонастанатат ситуација според Димовски ќе го одолговлечи судењето за случајот „Рекет“ кое треба да почне на трети декември наредниот месец.

-Куќниот притвор за Катица Јанева за мене е дефинитвно скандлозно, ако го гледаме краткиот притвор, за мене се уште краток притвор од три месеци. Посебно е загрижувачки што за десетина дена е почетокот на судењето. Ваква одлука пред самиот старт на судењето ќе значи од почеток одолговлекување, еве јас сум убеден дека овој период обвинетите ќе го искористат за одење по лекари за изнаоѓање на други начини и на трети не верувуам дека ќе имаме успешен старт на судењето. Денеска адвокатот на Јовановски тоа меѓу другото го најави. Мислам дека Апелациониот суд во конкретниот случај требапе да им остави простор на судечките судии, на тој совет на трети декември да оценат дали има услови, дали нема услови, да ги видиме гаранциите, да ја видиме нивната здравствена состојба во јавност тогаш и да ги погледнеме сите аргумени бидејќи обвинението е веќе стапено на сила пред месец дена. Ништо не се промени од тогаш до сега, апелациониот суд го продолжи притворот и не гледам што ново нашол денеска освен гаранцијата која беше понудена и пред месец дена, вели тој.

Коронавирус