четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 186
home Вести

Димовски: ниту еден од СЈО не е ни до глужд на било кој лекар, медицинска сетра или фармацевт во оваа ситуација

Димовски: ниту еден од СЈО не е ни до глужд на било кој лекар, медицинска сетра или фармацевт во оваа ситуација

Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук статус пишува дека ниту еден од СЈО не е ни до глужд на било кој лекар, медицинска сетра или фармацевт во оваа ситуација.

-Наместо да им праќа пораки на луѓето кои своите животи ги ризикуваат за да ја спасат нацијата од пандемска катаклизма, Оливер Спасовски, кој се затекна на една од најодговорните функции во Република Македонија, треба да се надмине себеси и тесно-партиските интереси на СДСМ и да издвои средства од буџетот да ги награди медицинските лица. Нека заборават на криминалните набавки, уредбите кои ги носат за лични интереси, обидите за собирање ситни партиски поени. Ниту еден од СЈО не е ни до глужд на било кој лекар, медицинска сетра или фармацевт во оваа ситуација. Тие ли ќе ве лекуваат и ќе ви ги спасуваат животите? На судиите и обвинителите децата и роднините? Јасно ни е дека сте неспособни, некадарни, безидејни и тесногледи. Ама на ива лудило мора да му се стави крај!
Денеска, на светскиот ден на здравствените работници, е одлична можност да ги наградите сите здравствени работници и униформираните од полицијата. Сите кои се грижат за нас, за нашето здравје.
Ако пак Оливер не е кадарен, а не е, доблесно е да излезе на прес и да сооошти дека се пивлекува од функцијата, за која не е спосовен да одговори достојно. Има луѓе кои можат и кои знаат како да се справат со вакви тешки состојби и вонредни ситуации, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Наместо да им праќа пораки на луѓето кои своите животи ги ризикуваат за да ја спасат нацијата од пандемска катаклизма,…

Gepostet von Dimitar Dimovski am Dienstag, 7. April 2020

 

Коронавирус