петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 58
home Вести

Димовски: Нина Ангеловска или ќе биде извршител на лошите политики на Заев или ќе изгради личен кредибилитет

Димовски: Нина Ангеловска или ќе биде извршител на лошите политики на Заев или ќе изгради личен кредибилитет

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на денешната седница на комисијата за финансирање и буџет коментирајќи го отсуството на министерката за финансии, Нина Ангеловска од расправата за ребалансот на буџетот, изјави дека со ваквиот потег јасно е дека таа се нафатила да обавува функција како титулар, не во суштина да ја извршува.

Димовски потенцираше дека кога е договаран терминот за комисијата ниту Талат Џафери, а ниту владејачкото мнозинство не кажале дека министерката ќе отсуствува иако знаеле и додава дека таквото однесување со прикривање на информации е несериозно и неприфатливо.

-Има се уште простор министерката да се исправи, но таа мора да се соочи со реалноста или ќе биде извршител на лошите политики на Заев или ќе изгради личен кредибилитет, истакна Димовски.