среда, 23. септември 2020. Вести денес: 124
home Вести

Димовски: Не верувам дека Владата ќе го реши проблемот со лозаропроизводителите

Димовски: Не верувам дека Владата ќе го реши проблемот со лозаропроизводителите

Љупчо Димовски, поранешен министер за земјоделство во своето вклучување во вестите на Сител зборуваше за проблемот на лозарите во врска со цената на грозјето каде рече дека винарските визби во оваа ситуација покажуваат општествена неодговорност.

Според него, тие мора да бидат одговорни, второ не смее да се смета дополнителната субвенција 2 плус 2 односно 4 денари како супституција на висината на цената.

-Цената треба да ја платат винарските визби, тие имаат резерви, имаат до сега огромна финансиска помош и полза добиено од страна на државата и тие мора да бидат одговорни заради тоа што во оваа ситуација си ја сечат гранката на која што седат затоа што утре нема да го имаме ова што сега имаме околу 25.000 хектари според лозовиот катастар, плантажи на лозови насади, истакна Димовски.

Тој потенцираше дека регионалната цена или цената во опкружувањето малку пошироко се движи некаде околу 18 денари.

Имено тоа е таа цена која што винарските визби за квалитетно грозје со квалитетно зрно, со висока концентрација на шекерни единици треба да ја исплатат на лозаропроизводителите и тоа треба да го оствари Владата односно минстерството за земјоделство.

-По друга основа ќе добијат соодветна финансиска поддршка, винарските визби за да ги намалат трошоците околу извозот на виното, но тие мора да покажат солидарност со лозарозпроизводителите. Ова е ситуација тешка, мора да се вклучат сите институции, мора да има максимално разбирање кај винарските визби со тоа што сечие однесување на било која винарска визба мора во следните 10 години да биде почитувано и да биде ценето пред се од страна на лозарите. Но и на Владата било кој и да е затоа што ваква криза никогаш немало во лозапрепработувачкиот сектор во Македонија и секој кој што ќе подаде рака на лозаропроиводител тоа треба да се цени како добар гест, во спротивно треба да биде осудено доколку не се случи сето тоа, рече Димовски.

Според него, Владата има инструменти и има механизми како сето тоа да го реши.

– Јас очекувам дека ќе се потруди барем, не верувам дека ќе успее, не верувам дека конечно и лозаропроризвоителите ќе добијат она што го посакуваат, не верувам во тоа. Но, не треба тие 4 денари бесцелно да се фрлаат затоа што тоа се народни пари, станува збор за 6 до 7 милиони евра со тоа што постои уште еден голем проблем, а тоа е околу 50 д0 60 милиони килограми кои што виси во воздух да остане неоткупен, додаде Димовски.

Коронавирус