сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Димовски: Не смееме да велиме дека нема алтернатива, Договорот од Нивици не ги обезбедува претходно утврдените државни и национални интереси

Димовски: Не смееме да велиме дека нема алтернатива, Договорот од Нивици не ги обезбедува претходно утврдените државни и национални интереси

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на денешната седница на чиј дневен ред се уставните измени истакна дека алтернатива на Договорот од Преспа мора да има.

Димовски ја посочи како што вели последна точка на обединување на власта и на опозицијата во Република Македонија, односно резолуцијатата донесена од страна на Собранието на Република Македонија во 2008 година со која што се утврдуваат државните и националните интереси на Република Македонија по однос на прашањето за името.

Тој вели дека тогаш во 2008 година сите пратеници утврдиле дека заштита на уставното име, заштитата на националниот идентитет, јазикот и традициите и заштитата на нашето право да се грижиме за припадниците на македонското малцинство во соседните држави е државен и национален интерес.

-Не смее да се удираме во ѕид. Не смееме да велиме дека нема друга алтернатива. Не смееме да вели дека нема друг пат надвор од ова. Правецот е ист и идентичен, нема друг правец , почитувани колеги. Алтернативи може да има, правецот е НАТО и ЕУ и мислам и сум сигурен од сите 120 пратеници во ова Собрание, сите 120 се со истото убедување, но како да го постигнеме тоа се разликуваме и сме се разликувале. Последна точка на обединување на власта и на опозицијата во Република Македонија, на левицата и десницата, на Македонците и Албанците, на Турците, Ромите, Власите, Србите и на Муслиманите и на Христијаните и на атеистите по однос на ова клучно национално и државно прашање е резолуцијата донесена од страна на Собранието на Република Македонија во 2008 година со која што се утврдуваат државните и националните интереси на Република Македонија. Тоа е моментот кога Собранието на Република Македонија во тој состав со гласови на сите пратенички групи, утврдува дека заштита на уставното име, заштитата на националниот идентитет, јазикот и традициите и заштитата на нашето право да се грижиме за припадниците на македонското малцинство во соседните држави е државен и национален интерес. За жал договорот потпишан во Нивици не ги обезбедува овие претходно утврдени државни и национални интереси и позиции, нагласи Димовски.

Коронавирус