среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 179
home Вести

Димовски: Не очекувам успешен попис, ако власта се обиде да фингира ќе предизвика политичка криза, власта ја има одговорноста од неуспешно спроведен попис

Димовски: Не очекувам успешен попис, ако власта се обиде да фингира ќе предизвика политичка криза, власта ја има одговорноста од неуспешно спроведен попис

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Вестите на Канал 5 телевизија, а во врска со пописот истакна дека тој лично не очекува успешен попис затоа што власта ги занемари забелешките од стручната јавност, а доколку се обиде истиот да го фингира ќе предизвика политичка криза, а неуспехот на пописот е одговорност на власта.

-Не очекувам успешен попис, власта не најде за сила да ги прифати забелешките на стручната, експертската јавност и од политичките опоненти во насока да дојдеме до момент кога ќе имаме прифатлив попис за сите граѓани, а со тоа ја зема врз себе целокупната одговорност врз себе и за квалитетот на пописот и за резултатите од пописот и за евентуалниот неуспех на тој попис.

Димовски вели дека отприлика бројката на луѓе кои се иселени низ Европа е позната, како и бројот на жители по градовите и ако власта се обиде да фингира ќе предизвика и политичка криза.

-Жалам што се заврши вака овој процес со пописот, но одговорноста е целосно на власта, посочи тој.

Најнови вести

Локални избори 2021