четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 64
home Вести

Димовски: Не може да имаме ограничен број на аптеки, а неограничен број на коцкарници и казина

Димовски: Не може да имаме ограничен број на аптеки, а неограничен број на коцкарници и казина

На денешната пленарна седница собраниска дискусија имаше во врска со новиот Предлог закон за изменување и дополнување на законот за игрите на среќа. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски коментираше во врска со се поголемиот број на коцкарници и казина низ Македонија и истакна дека не може во населени места да биде бројот за аптеки ограничен, а бројот на коцкарници, казина, обложувалници е неограничен.

-На која сакате раскрсница во Скопје погледнете наоколу, има најмалку две казина. Кај Соборен храм во видокругот на човек може да се избројат 7 казина. Во Врапчиште може да има максимум две аптеки, но може да има 10 коцкарници и тоа со регулатива од државата, тоа е нелогично, вели Димовски.

Тој истакна исто така дека не му е намерата да се меша во ничиј живот и секој граѓанин има право на каков начин сака да си ја проба среќата или да си ги троши парите, но како пратеници и како собрание мора да се има свесност како одговорност како политичари. Димовски вели дека секоја држава која што оди кон криза, бројот на коцкарници се зголемува што јасно се гледа, и второ мора, да се воведе ред во истото, затоа што како што вели на некој начин секој од нас познава барем едно семејство или познаници кои настрадале со занес кон оваа проблематика, ние нетреба да создаваме семејства кои се растураат или социјални случаи, затоа државата мора да се воведе ред.

-Не може да има слот машини во секој кафиќ или во секоја од спортските обложувалници. Масовна појава имаме на секој ќош, не велам дека треба да се забрани, но не може да има ограничен број на аптеки, а да има неограничен број на казина, обложувалници, слот машини, да ставиме ред во урбани средини и населени места, пред се до училишта да се ограничат, ние имаме казина на секоја раскрсница, вели Димовски.

Коронавирус