четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 1
home Вести

Димовски: Нашиот виновник за целата оваа денешна македонска голгота е тука, дома – има име и презиме, Зоран Заев

Димовски: Нашиот виновник за целата оваа денешна македонска голгота е тука, дома – има име и презиме, Зоран Заев

„Умислен дека е најпаметниот политичар и мултиетнички македонец што се родил, и дека тој е месијата на “нашата држава”, ја донесе Македонија во потчинета улога пред сите, па и пред Бугарија. Уништи се што нашите предци граделе низ минатото, се откажа од сите кои дале жртва и се бореле за Македонија. Гоце Делчев го искористи како пара за поткусурување.
Зоран Заев:
📌Го смени името на државата
📌Го промени идентитетот на Македонците
📌Ја распродаде македонската историја
📌 Македонските историски ликови и великани ги призна за бугарски
📌Се откажа од македонското малцинство во соседните држави
📌Ја растури црквата и ни ја прогласи за бугарска ќерка,
📌Ја мажеше Македонија во богато семејство
📌Се коцкаше All in со Македонија
📌 Го подели народот и го направи да се мрази како никогаш порано
📌Ја албанизира цела држава
📌 Македонците ги направи граѓани од втор ред во сопствената држава
📌Испозатвори Македонци затоа што си ја сакаат Македонија и не мислат како него
📌Избриша од секаде каде што можеше да се избрише зборот Македонија.
Јас не ја обвинувам Бугарија за блокадата која ни ја ставија денеска. Они заклучиле дека сега е моментот да земат се она кое претходно не успеале да го земат во четири војни. И да создадат минимум можности, за мижеби еден ден, да им се оствари Сан Стефанскиот сон. Не ги оправдувам, но ги разбирам. Начекале.
Нашиот виновник за целата оваа денешна македонска голгота е тука, дома. Има име и презиме. Зоран Заев.
Со Заев на чело на државата, нема добра иднина за Македонија, ниту некаква перспектива за македонскиот народ.
Бидејќи не е чесен ниту како човек, ниту како политичар, од него не може да се очекува дека ќе си поднесе оставка. Но, силата е во рацете на народот и народот е тој кој треба да се избори за своја подобра иднина. На избори, или на улица. Трето нема.“

Фејсбук статус на Димитар Димовски

Најнови вести

Коронавирус