петок, 26. април 2019. Вести денес: 66
home Вести

Димовски: Нашата борба е за зачувување на националниот идентитет, јазикот и културата, од обезличувањето кое го прави СДСМ

Димовски: Нашата борба е за зачувување на националниот идентитет, јазикот и културата, од обезличувањето кое го прави СДСМ

Денеска 23.08.2018 година, делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски, по повод 23-ти Август, денот на ослободувањето на Берово од фашистичкиот окупатор, положи свежо цвеќе на Споменикот на паднатите борци во Народно ослободителната борба.

– Нашите предци ги даваа своите животи за да ја ослободат Македонија од надворешниот окупатор, се бореа за независна и суверена Македонија. Нашата генерација денеска има друга борба, против внатрешниот окупатор, олицетворен во СДСМ. Денеска имаме борба за зачувување на националниот идентитет, јазикот, културата. Имаме борба за зачувување на Република Македонија од обезличувањето кое го прави СДСМ преку предавничкиот договор со Грција. Ние, како македонски народ, сме должни да ја зачуваме Република Македонија. Должни сме заради нашите предци, заради нас и нашите поколенија. Македонија ќе победи,  изјави Димитар Димовски.