петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Димовски:Монструм се користел со цел собирање на гласови и држење на тензија

Димовски:Монструм се користел со цел собирање на гласови и држење на тензија

Во вечерашната емисија „Што не е Јасно” на Алфа Телевизија новинарот Саше Димовски во врска со темата кој и што крие за монструм и изјавите на бившиот премиер Зоран Заев дадени во минатото дека роднините и пријателите на убиените но и роднините и пријателите на обвинетите имаат право да ја знаат вистината колку и таа да биде болна изјави дека ако се глада од денешен аспект сето тоа било празен политички памфлет на Зоран Заев.

-Празен политички памфлет кој имал за цел собирање на гласови или држење на тензија што ако внимателно се разгледа кривичниот закон сега може да се најде и сериозно кривично дело за ваквите изјави и за внесување на страв и забуна кај народот, бидејќи од 2015 година па наваму ние можевме да слушниме изјави за тоа дека монструм често се поврзуваше и со националната безбедност-нагласи Димовски.

Тој истакна дека тоа што во 2015 година беше објавено односно не објавено во сите јавни настапи на СДСМ бидејќи тие само навестувале дека има нешто за монструм но сепак јавноста не слушна ништо повеќе од само сомневања изразени од лидерот на СДСМ.

– После понеделникот видовме дека од тие сомневања нема ништо и овој случај како и останатите со кои тогаш се манипулираше и масата се држеше да речиме во една форма на заложништво дека ние нешто сериозно ќе сме дознаеме што се правело во минатото, видовме дека не само во овој случај што не излезе ништо, ништо не излезе ниту во двата други кои тогаш силно ги споменуваа како случајот со Никола Младенов и случајот со Мартин Нешковски- заклучи Димовски.

Најнови вести

Коронавирус