четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Димовски: Малиот шенген е голема беља, клучните земји членки ќе сметаат дека не сме подготвени за влез во ЕУ

Димовски: Малиот шенген е голема беља, клучните земји членки ќе сметаат дека не сме подготвени за влез во ЕУ

За поранешниот пратеник на ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски, малиот шенген е голема беља. Да беше ова само за економска соработка, никој немаше да има против. Но, во овој случај, Македонија влегува во организација во која ќе се решаваат српско-албанските прашања.

Во тој процес земјава, според Димовски може да помогне, но не треба да биде посредник. Ние влегуваме во нешто што не е сосем јасно и заради што Косово, Црна Гора и Босна не влегоа.

За Македонија, македонскиот народ, Албанците, Турците и сите од Македонија не треба да бидат кусур ако некогаш дојде на ред да треба да се прераспределуваат зоните на влијание на овие два фактори. Стариот лозок по кој што започна идејата за евроинтеграции на Македонија беше Обединета Македонија во Обединета Европа, во смисла на рушење ма културните граници рушење на економските граници и тоа може тоа да се постигне само во Европска унија, или ако не во Европска унија тогаш во регионална форма во која што ќе учествуваат сите. Вака спакувани ние личиме на држави која што не е спремна за ЕУ и едноставно им даваме простор на клучни земји кои што се членки во ЕУ да кажат, не вие прво средувајте се таму меѓу вас па ќе по 10, 20 години ит, вели Димовски за изјава во дневникот на ТВ Сител.

Коронавирус