сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 80
home Вести

Димовски: Компромиси за идентитет, култура не смее да има затоа оваа ненародна власт мора да се урне

Димовски: Компромиси за идентитет, култура не смее да има затоа оваа ненародна власт мора да се урне

Љупчо Димовски на протестот пред Владата под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ порача дека пред Македонија има пред сериозен долгогодишен проблем кој оваа влада ниту знае како, ниту умее да го реши.

-Културата, јазикот не може да се предмет на преговори. Предавството на Македонија, на се македонско за сопствени интереси, можат да го направат само Заев и само неговиот Димитров. Сега и специјалниот претставник Бучковски, рече Димовски.

Според него бугарските барања не се намалуваат, а Заев пак се обидува да ни наметне нешто неприфатливо, не тера на неприфатливи отстапки.

Димовски посочи дека за вакво прашање никој не може да одлучува сам, за вакво прашање мора да има консензус.

-Сведоци сте дека власта бега од дијалог, бега од Собранието. Ние мора да ги обележиме црвените линии. Компромиси не смее да има за јазик, за идентитет, за култура, никој нема овластување за такво нешто. Во решавање на вакво прашање јасно е треба да се вклучени сите да се изгради консензус, рече Димовски.

Оваа ненародна влада мора да се урне, рече Димовски и додаде „Македонија е над се и над сите, затоа да се избориме за нашата македонска иднина“.

Коронавирус