среда, 14. април 2021. Вести денес: 2
home Вести

Димовски: Клучно е да се даде одговор кои податоци од пописот ќе се користат за да се утврдат колективни права на граѓаните 

Димовски: Клучно е да се даде одговор кои податоци од пописот ќе се користат за да се утврдат колективни права на граѓаните 

Овој модел по кој планираат да го спроведат пописот е невиден, дијаспора се попишува со апликација, а меѓународните стандарди велат се попишува резидентно население кое најмалку во последните 12 месеци престојувало во земјата. Се попишуваат и граѓани кои десеттици години не живеат во земјава, а тие ќе се попишуваат и во земјите каде живеат и во која се повеќе од една година и ќе се случи да имаме луѓе на две места и тука и во Виена, Берлин и на многу други места, рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на гостување на телевизија Телма во емисијата Топ тема.

Според него целта е јасна, попишувањето е резидентно население, конкретна состојба на терен.

„Ова ни треба за да знаеме на пример колку училници ни требаат во одреден град, каков пат ни треба, а ние не го правиме тоа, туку правиме експерименти и правиме компликации кои ништо нема да решат“, кажа Димовски.

Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ бара само да се почитуваат стандардите на ОН и ЕВРОСТАТ, а тоа е да се попишува резидентно население, бидејќи се што е повеќе е невидено, некорисно и ќе се користи за политички манипулации.

„Клучно прашање е кои податоци ќе се користат дали оние за резидентно, нерезиденто или вкупно население за да се утврдат колективни права на граѓаните повразни со виско образование, вработување, употреба на јазици и друго“, кажа Димовски.

Најнови вести

Коронавирус