среда, 23. септември 2020. Вести денес: 88
home Вести

Димовски: Ќе мора да избереме антикорупциска комисија по стариот закон или нема да има антикорупциска за време на претседателските избори

Димовски: Ќе мора да избереме антикорупциска комисија по стариот закон или нема да има антикорупциска за време на претседателските избори

Јас не сум го видел мислењето на од Венецијанска Комисија но ништо не значи ако се однесува спрема нормативата. А, мислењата на Венецијанската Комисија се однесуваат само спрема нормативата, не и спрема имплементацијата, тоа е прва работа, посочи Илија Димовски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавање на седницата во Собрание на Република Македонија.

Димовски ја образложи и втората работа во делот на процедурата за да се објави оглас треба посебна седница на Собрание. За да се избере Комисија исто така треба посебна седница на Собрание. А, со ова темпо нема да се постигне.

-Или ќе избереме антикорупциска комисија по стариот закон или нема да има антикорупциска комисија за време на претседателските избори. Како минат деновите треба да се соочите со тоа. Одлуката дали ќе има антикорупциска комисија е на мнозинството. А, ако нема е голем минус во сите извештаи за имплементација на законите, објасни Димовски

Коронавирус