сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Вести

Димовски: Јасно е дека судството е под притисок на обвинителството и политиката

Димовски: Јасно е дека судството е под притисок на обвинителството и политиката

Судството е под силен притисок и од обвинителството и од политика, вака пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ ја коментира реакцијата на обвинителката Вилма Русковска за пуштањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во домашен притвор.

Русковска во порака до апелацискиот судија Јани Нича лута поради одлуката за укинување на затворскиот притвор Русковска вели „Ако ти со советот сте ја пуштиле Катица, да знаеш дека од гаќи ќе ве истресам цел совет со финансиска истрага. Заради судии како Вас, никогаш нема во ЕУ да влеземе“.

Според Димовски Русковска има право да биде лута, но како официјално лице, како јавен обвинител не смее да дава такви искази.

-Зошто да не ги видиме листинзите и да видиме со кого комуницираат обвинителите. Тука има политичко, бизнис влијание, тука се и лоби груби. Многу е важно да се види кое е политичкото и бизнис влијанието. Треба како институција да побараме да се види кој со кого комуницира. Доколку тоа не се основа на заедничка политичка волја ќе биде како да се најдеме само во разговор, рече Димовски.

Пратеникот укажа дека ова влече корени од деведесеттите, но и од порано.

-Тоа е систем на поврзаност на судии,обвинители, министерство за внатрешни работи. Тој систем се прикачува на еден или друг штекер, тоа е мој впечаток. Во судството, обвинителство и МВР е исто како и на Медицински факултет, во еден ходник едно име и пак наидувате на истото име и во друг ходник, рече Димовски. Според него она што е јасено е и дека во последниве три години ни еден закон не се почитува, судиите прифаќаат се како доказ, рече Димовски.