недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Димовски: Горат горите, за пусти профити на поединци, ама горат и куќи и овошни насади на луѓето

Димовски: Горат горите, за пусти профити на поединци, ама горат и куќи и овошни насади на луѓето

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Димовски на својот Фејсбук профил ги искоментира актуелните состојби во државата по веста дека беснеат пожари низ целата територија на Македонија.

Во продолжение во целост Ви го пренесуваме неговиот Фејсбук статус:

Речиси и да нема место во Република Македонија, каде што не е опожарена шума во последните триесетина дена. Во овој период се видентирани околу 500 пожари.

Гори од Малешевијата до Галичица. И сите тие пожари неможе да не се намерно запалени. Горат горите, за пусти профити на поединци, ама горат и куќи и овошни насади на луѓето. Им ги горите трудот и маката на луѓето, за да направите бизнис. Им ги горите душите. И никој не презема одговорност. А одговорни сте сите, од тие што ги предизвикуваат пожарите, командир на шумска полиција, министер за земјоделство и шумарство, до премиер. Сторителите не ги барате и не ги наоѓате, оти самите вие сте тие сторители.

Државата ја претворивте во анархо-тоталитарен режим, во кој владеете со сила, во кој предизвикувањето на страв и психоза кај народот ви се алатка да ги држите под пресија. И сето тоа за да останете на власт и да ограбувате. Арам да ви е!

Но, да знаете! Ништо под ова сонце не останало тајна. Се што правите, еден ден ќе излезе на виделина. И ќе одговарате. За сé ќе одговарате, од предавството, до егзодусот и пожарите!
#НеВиСеПлашиме
#МакедонијаЌеПобеди!

Коронавирус